Куче го следи автомобилот на Google Street View во Јапонија и урнебесно го „уништува“ секој кадар

Куче го следи автомобилот на Google Street View во Јапонија и урнебесно го „уништува“ секој кадар

Google Street View е корисна и забавна опција што им овозможува на луѓето да го истражуваат светот од удобноста на својот дом. Досега камерата има снимено неверојатно изолирани и прекрасни места, но одвреме-навреме знае да сними и навистина бизарни сцени на својот пат низ светот.

Една од овие чудни, но забавни кадри се наоѓа токму во Јапонија, кога будалесто куче ќе реши да почне да го брка автомобилот со камерата. Зошто кучињата прават вакви нешта и што очекуваат да постигнат? Дали планираат да ја нападнат колата и да ја растргнат на милион парчиња или едноставно сакаат да се возат во неа со главата извадена низ прозорецот? Можеби никогаш нема да знаме… исто како што не знаеме што се случило со автомобилот кога стигнал до слепа улица, со ова будалесто куче веднаш зад своите тркала.

Ова храбро и малку чудно кученце стана голем хит во Јапонија, како и едно од најпопуларните пребарувања на Google Street View во моментов. Но, како оваа сцена била пронајдена е голема мистерија. Дали постојат луѓе што го истражуваат секој дел од планетата од својот компјутер, барајќи чудни и урнебесни сцени? Или пак, можеби на него налетал сосема обичен човек што се обидувал да ја најде својата дестинација? Без разлика на ситуацијата, сите сме среќни што сега имаме можност да го набљудуваме ова забавно куче. Ако сакате и вие да го сторите тоа, кликнете тука.

Погледнете ги и 14-те најчудни работи пронајдени на Google Maps!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар