14-те најчудни работи пронајдени на Google Maps

Google Maps е можеби најдоброто место за наоѓање географски информации. Сепак, додека ја истражувате планетата, сигурно ќе налетате на многу бизарни работи. Погледнете ги 14-те најконтроверзни работи кои биле забележани од обични корисници. Некои од овие работи се објаснети, но некои сè уште се завиени во мистерија.

1. Логото на Кока-кола на планина

(1)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Најголемото лого на Кока-кола било конструирано на една планина во близина на градот Арика, Чиле. Логото било направено со цел да се прослави 100-тиот роденден на компанијата во 1986 година, а било создадено од 70.000 празни шишиња од овој пијалак.

2. Мистериозна пирамида на Антарктикот

(2)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Прашањето дали станува збор за структура од некоја древна цивилизација скриена во снегот е сè уште тема на дебатирање. Многу луѓе се убедени дека ова е вистина и дека оваа мистериозна пирамида е останата од легендарната Атлантида.

3. Брод помеѓу облакодерите

(3)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Оваа зграда е трговски центар во Хонгконг. Изгледа неверојатно навечер кога се вклучени сите светилки.

4. Џиновски отпечаток од нога

(4)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Овој необичен лавиринт кој наликува на отпечаток од нога од некој џин е лоциран во мало село во близина на Хемпшир. Ова е најдолгиот лавиринт во Англија.

5. Гуливер врзан на покрив

(5)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Едно од најчудните игралишта за деца се наоѓа во Валенсија, Шпанија. Со многубројни лизгалки, тајни премини и огромна клупа за родителите, структурата изгледа како забавен парк.

6. Одмазда на соседот

(6)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Дуелот помеѓу соседите започнал во 2009 година. Едниот од нив добил неверојатна идеја, изорал „ahole“ (шупак) на неговата нива со стрелка која покажува кон куќата на соседот.

7. Мачка вонземјанин

(7)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Овој геоглиф е стар речиси 9.000 години. Според една приказна, ова е света мачка која дошла од друг свет. Лоцирана е во најсувата пустина во светот, Атакама, во која нема заврнато со векови.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар