Креативен уметник насликал портрет од својата жена, покажувајќи што значи вистинската љубов

Уметниците се секогаш во потрага по нивната следна муза и понекогаш, ако имаат среќа, тие ќе ја пронајдат својата инспирација во домот. Тоа бил случајот за девојката чиј сопруг е талентиран уметник и која на социјалните мрежи е позната под името „Indifferentpenguinisnotimpressed“. Неодамна таа сфатила дека тој сѐ уште не насликал заеднички портрет од нив двајцата како пар и одлучила да го промени тоа. По долго и внимателно размислување како да ја претстави нивната врска во најдобро и најавтентично светло, нејзиниот сопруг го насликал следниов портрет:

Креативен уметник насликал портрет од својата жена, покажувајќи што значи вистинската љубов

Во него совршено се отсликуваат домашниот живот, хармонијата и благосостојбата кои ги искусуваат сите брачни партнери – секој кој живее со својата најсакана или својот најсакан знае дека токму вака изгледа вистинската љубов. Со искрени намери, оваа хероина го добила своето вечно сведоштво кое ја одбележува нејзината брачна среќа на еден креативен и генијален начин.

Па, доколку немате идеја како да ја покажете својата грижа, љубов, почит и посветеност на вашиот брак и вашата љубовна врска, тогаш сликањето заеднички портрет е сигурно еден од најинтересните начини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар