Учителка ги фотографира своите деца во магични сценарија и костими кои ги изработува сама

Креативната учителка Ана Розвадовска од Полска е мајка на 2 дечиња која во слободно време обожава да фотографира и да шие. Таа вели дека како малечка никогаш не се сметала за уметнички талентирана, но сето тоа се променило кога ги родила нејзините дечиња – Џејкоб и Барбара. Тогаш ги открила сите чуда на фотографирањето и социјалните мрежи и, инспирирана од светски познатите фотографи, започнала да бара уникатен начин да го одбележи детството на своите деца.

Учителка ги фотографира своите деца во магични сценарија и костими кои ги изработува сама
Самовила

Од нивното раѓање, па сѐ до денес, таа направила стотици фотографии од Џејкоб и Барбара, а освен фотографирањето, таа има уште едно интересно хоби – изработката на костими. Во секоја нова фотосесија која трае од 10-15 минути, сите парчиња облека, освен чевлите, се изработени од нејзините раце. Таа вообичаено ги користи најевтините материјали и ткаенини и избира локации кои се блиску до нејзиниот дом.

Ана вели дека никогаш не ги тера децата да позираат. Таа смета дека една фотосесија изгледа добро и оригинално само кога се раскажува некоја приказна, бидејќи тогаш децата се чувствуваат природно.

„И фотографирањето и шиењето ме исполнуваат со многу енергија. Мојата глава е преполна со идеи за следните фотографии. Камо ли денот да траеше подолго…“, вели Ана.

Погледнете дел од нејзините уникатни фотографии.