Колку сте импулсивни? Дознајте со помош на овој тест!

Колку сте импулсивни? Дознајте со помош на овој тест!

Дали сте импулсивни по природа? Дали честопати кажувате нешто без размислување, а потоа се каете?

Колку сте импулсивни? Дознајте со помош на овој тест!

Импулсивноста, тенденцијата да се делува на непосредни импулси и желби без да се размисли за потенцијалните последици, е основен аспект на човековото однесување. Без разлика дали се работи за спонтано купување, импулсивна одлука или ненадеен емоционален излив, луѓето покажуваат различни степени на импулсивност во секојдневниот живот.

Подготвени сте да откриете колку сте импулсивни? Тогаш направете го овој тест! Доволно е да ја погледнете сликата и да одговорите на прашањето што прво ви паднало во очи.

  • Свеќа

    Ако сте виделе свеќа, тогаш сте импулсивна личност. Да се биде импулсивен човек значи да се биде и возбудлив и опасен во исто време. Додека спонтаноста може да донесе возбуда за живот, прекумерната импулсивност може да доведе до непромислено однесување што ја става во опасност вашата благосостојба.
    Една од најочигледните последици на импулсивноста се непромислените одлуки за купување. Често се каете што спонтано трошите на работи што навистина не ви се потребни. Овие избрзани купувања може да доведат до недостиг на готовина и да станат пречка за вашите долгорочни финансиски цели.

    Покрај тоа, вашата импулсивна природа може да ве турне во авантури, а тоа да доведе до опасни ситуации. Во вашиот личен живот, импулсивноста често води до напнатост во врската. Импулсивните одлуки во врската можат да доведат до конфликт, недоверба и емоционални превирања.

    Често постапувате пред да размислите. Ваквото однесување може да има контраефект затоа што понекогаш зборовите „излегуваат од вашата уста“ побрзо од вашите мисли и на крајот ги повредувате луѓето за кои се грижите. Секако, важно е да се биде отворен и искрен во секојдневниот живот. Но, тоа не значи дека треба да кажете сè без да размислувате за вашите зборови. Затоа, научете да ја контролирате вашата импулсивност, а токму оваа контрола ќе има најголемо влијание и може да доведе до промени во иднина.

    Нема сомнеж дека на почетокот ќе имате некои тешкотии. Сепак, со голема упорност, можете да ја постигнете вашата цел. Обидете се да размислите за ситуациите низ кои поминувате и, пред сè, сфатете дека секој гест и збор има последици.

  • Лице

    Ако вашиот избор падна на лицето вие не сте многу импулсивна личност. Вие сте од оние луѓе кои одвојуваат време да размислат пред да кажат или направат нешто. Кога животот ќе излезе од контрола, а околностите ве вознемируваат, останувате максимално смирени. Знаете како да ги контролирате своите емоции и не дозволувате тие да ве совладаат. Кога ќе наидете на некакво вознемирувачко искуство, правите длабока анализа заснована на факти и барате начини да го решите проблемот. Ако другите претпочитаат да се жалат, вие сте попрагматични.

    Имате емоции. Како и сите други, понекогаш се лутите, вознемирувате или тагувате. Но, знаете како да се справите со тие поплаки. Секако, има ситуации кога веќе немате сила, па „експлодирате“ од емоциите и мислите кои ве обземаат. Но, тоа се случува многу ретко, бидејќи сте стекнале способност да останете смирени. Тоа е затоа што се обидувате да останете непристрасни. Се познавате себеси подобро од кој било, затоа ако некој се обиде да ве навреди, тоа нема да влијае на вас, бидејќи знаете колку вредите.

    Другите бараат помош од вас кога ќе се појават тешки прашања. Знаат дека сте способни дипломатски да ја анализирате ситуацијата. Продолжете да дејствувате во овој правец!

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете колку сте емотивни.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар