Кој е виновен за стравот од петок 13-ти?

Кој е виновен за стравот од петок 13-ти?

Стравот од петок 13-ти, наречен уште и параскеводекатриафобија или фригатрискаидекафобија, настанал длабоко во историјата. Зад најстарата теорија стои историчарот Доналд Доси. Тој верува дека сè започнало во Норвешка, повикувајќи се на древен скандинавски мит. Додека 12 богови се забавувале во Валхала, непоканет влетал богот на злото и огнот, Локи. Тој за време на веселбата организирал убиство над Балдер, богот на забавата и задоволството. Го навел Ходер, слепиот бог на темницата, да го погоди со неговата стрела, која била обложена со имела. По смртта на Балдер на земјата завладеала темнина. Оттогаш, петок 13 се смета за несреќен и кобен.Страшниот петок 13-ти Несреќниот ден е запишан и во Библијата. Христијаните веруваат дека токму на овој ден бил распнат Исус Христос, а предавникот Јуда, бил 13-от гостин на последната тајна вечера. Некои библиски учители се уверени дека Адам и Ева во петок го пробале забранетото овошје. Петок е денот и кога Каин го убил својот брат Авел. Исто така, во антички Рим постоело верување дека вештерките се собираат во групи по 12. Тринаесеттото место било резервирано за ѓаволот.

Според верувањата, тогаш не треба да се патува, не се менува местото на живеење и работата, не се започнува дури ни диета, односно не се преземаат никакви важни чекори. Ако перете, се смета дека со тоа може да предизвикате поплава, а оној кој тогаш ќе меси и пече леб, ќе живее во сиромаштија. Завивањето на мачките на петок 13-ти е знак за кавга, а какво ќе биде времето на овој ден, особено околу пладне, таков ќе биде и остатокот од неделата.

Томас Фермслер, математичар и научник, верува дека бројот 13 е несреќен, бидејќи доаѓа веднаш после бројот 12, кој често означува комплетираност, завршен циклус. Постојат 12 богови на Олимп, 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус… Многу хотели немаат соба со бројот 13, некои аеродроми немаат таква писта и излез, во Фиренца ниту една улица не го носи овој број, во Формула 1 нема болид со број 13.

Сепак, најголемиот дел од историчарите веруваат дека петок 13-ти дошол на лош глас по почетокот на една од најголемите човечки трагедии во историјата. На овој ден во 1307 година, францускиот крал Филип IV во договор со тогашниот папа наредил апсење на над 100 витези од редот на Темпларите, обвинувајќи ги за ерес. Цели седум години биле измачувани и убивани, а огромен број завршиле и по затворите. Тогаш бил запален и Жак де Молеј, последниот Голем мајстор на витешкиот ред. Во Англија и во САД пак, на овој ден криминалците ги воделе на бесилка.

Ништо од ова не важи кога се во прашање Германците. И денот и бројката за нив се среќна добивка. Според нивната култура, во петок на луѓето им оди најдобро, децата родени на овој ден ќе ги прати среќа, а жетвата ќе биде богата. Дека ја сметаат за среќна бројка покажува и германското лото. Токму 13 е најчесто извлекуваниот број.

Следниот петок 13-ти е во септември, 2013 година. 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар