Кој е вашиот магичен дар според датумот на којшто сте родени?

Кој е вашиот магичен дар според датумот на којшто сте родени?

Без разлика дали верувате во нумерологија и магија, интересно е да дознаете кој е вашиот дар според датумот на којшто сте родени. Можеби ова откритие ќе ви помогне да го култивирате вашиот талент и да станете вистински професионалец.

Кој е вашиот магичен дар според датумот на којшто сте родени?

За да го научите вашиот таен број, собирајте ги цифрите од денот, месецот и годината во којашто сте родени сè додека не добиете едноцифрен број. На пример, ако сте родени на 1-ви септември 1975-та година, збирот би бил 5.

1 + 9 + 1 + 9 + 7 + 5 = 32
3 + 2 = 5

Откако ќе го пресметате вашиот број, прочитајте го неговото значење во продолжение…

1. Волшебник

Првиот број е број на создавањето. Се верува дека оние кои се родени под негово влијание имаат моќ да ја наметнат нивната волја. Сепак, не би требало да се обидувате да ги манипулирате и да ги контролирате оние околу вас.

2. Емпат

Вие сте навистина чувствителни на енергијата околу вас. Сте научиле како да ги читате туѓите емоции и постојано ја чувствувате енергијата на другите. Користете го овој дар за да им помогнете на другите, но потоа важно е да си ја вратите енергијата со приземјување.

3. Тројна месечина

Овој број ги претставува трите фази на месечината. Во вас се наоѓаат силите на создавањето и уништувањето. Внимавајте што посакувате бидејќи вашите желби брзо се остваруваат.

4. Елементи

Бројот 4 се поврзува со четирите елементи – оган, вода, воздух и земја. Вие сте во рамнотежа со елементите, односно со Земјата, и размислувате навистина рационално. Бидејќи елементите ве штитат, ја одбивате секој негативност.

5. Духовност

Бројот 5 го претставува петтиот елемент – духот. Луѓето родени под негово влијание се во допир со духовниот свет. Поради ова, овие луѓе често се духовни учители.

6. Сонце

Бројот 6 е симбол на сонцето. Поради ова имате силна енергија. Вие сте лидер и исцелител, но со големата моќ доаѓа и голема одговорност. Научете како да ја користите вашата моќ само за добро.

7. Месечина

Бројот 7 ја симболизира месечина, а вашиот дар е нејзината чиста магија. Вашиот инстинкт секогаш знае што треба да направите и никогаш не се двоумите. Можете да импровизирате поради вашата активна интуиција.

8. Традиционална вештерка

Бројот 8 се смета за еден од најволшебните и ги претставува 8-те краеви на светот. Во вас има вистинска моќ што само чека да ја искористите. Вашиот внатрешен компас е навистина точен и секогаш можете да разликувате лошо од добро.

9. Шаман

Последниот број е симбол на обединување на сите претходни. Тој претставува порта низ која сè завршува и почнува наново. Поради ова вие ги гледате нештата многу поразлично од другите. Благодарение на вашата креативна природа често ги гледате работите од интересна перспектива. Вие сте и одличен исцелител.

Знаевте ли дека денот на раѓање го предвидува секој аспект од вашиот живот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар