Какво значење имаат соништата со вашиот поранешен партнер?

Вие и вашиот поранешен партнер веќе некое време не сте заедно, конечно го надминавте раскинувањето и продолжувате со животот. Но, вашиот поранешен партнер сè уште се појавува во вашите соништа. Дали тоа значи дека сè уште не можете да го преболите бившиот? Сонувањето на поранешниот партнер може да биде навистина вознемирувачко искуство, особено ако веќе сте во нова врска. Прочитајте кои се најчестите објаснувања зошто бившите се појавуваат во вашите соништа, долго време откако веќе не се добредојдени во вашиот живот.

Какво значење имаат соништата со вашиот поранешен партнер?

1. Ако сонувате дека се гледате со поранешниот партнер

Самата појава на бившиот во сон може да значи многу работи – некои од нив се многу длабоки, а некои се потполно безопасни. Понекогаш, појавата на бившиот во вашите соништа може да значи дека во реалниот живот наидувате на личност што има слични карактеристики и ви предизвикува исти чувства како вашиот поранешен партнер. Другото значење е дека можеби размислувате за убавите спомени што ги имавте заедно.

2. Ако сонувате дека имате односи со поранешниот партнер

Сексуалните соништа со бившиот честопати се поврзани со вашата воздржаност од започнување нова врска.

3. Ако сонувате дека поранешниот партнер ве игнорира

Сонувате дека вашиот поранешен партнер ве игнорира исто како што го правеше тоа во последните две недели од вашата врска? Вашата потсвест ви кажува дека треба да продолжите понатаму.

4. Ако сонувате дека се расправате со поранешниот партнер

Расправијата во сон би можела да значи дека нешто или некој во реалниот живот ви буди слични чувства што ги имавте додека бевте во врска со бившиот.

5. Ако сонувате дека повторно сте заедно со поранешниот партнер

Овој сон не мора да значи дека тајно сакате повторно да бидете заедно со бившиот партнер. Вашиот сон за смирување со поранешниот партнер може да се заснова на копнежот во реалниот живот, но исто така може да биде поттикнат од некоја голема промена во новата врска и од тоа колку многу сте научиле од минатите врски и колку далеку сте стигнале. Ова е причината зошто толку многу невести ги сонуваат поранешните партнери пред својата свадба.

6. Ако сонувате дека ви недостасува поранешниот партнер

Ако сонувате дека сакате да бидете повторно заедно со поранешниот партнер, тоа значи дека сè уште чувствувате нешто за него. Но, тоа може да значи и дека ви недостасува партнер и имате потреба да се чувствувате посакувано.

7. Ако сонувате дека му недостасувате на поранешниот партнер

Ако сонувате дека му недостасувате на бившиот, тоа може да значи дека ви недостасува некој аспект од вашата поранешна врска. Но, понекогаш тоа може да значи дека едноставно продолживте со вашиот живот.

8. Ако сонувате дека поранешниот партнер ви дава совети

Зошто личноста што ве остави се појавува во вашите соништа и ви дава совети за вашиот сегашен партнер? Тоа значи дека вашата потсвест ви кажува дека не треба да ги повторувате истите грешки што сте ги направиле со таа личност.

9. Ако сонувате некој поранешен партнер од тинејџерските години

Ако сонувате некој бивш од детството или од средношколскиот период, тоа може да значи дека сакате да ги вратите возбудата, слободата и виталноста на младоста во вашата сегашна врска или во целокупниот живот.

10. Ако сонувате дека ја гледате новата партнерка на поранешниот партнер

Ако ја сонувате сегашната партнерка на вашиот поранешен партнер, тоа може да значи дека се споредувате себеси со бившиот. Бидејќи соништата честопати доаѓаат од проблеми што ве преокупираат додека сте будни, тоа може да значи дека се обидувате да се помирите со чувствата што ги имате кон поранешниот партнер.

11. Ако сонувате дека го гледате семејството на поранешниот партнер

Мајка на бившиот која се појавува во вашите соништа може да значи дека сè уште имате некои „нерешени проблеми“ со вашата поранешна љубов.

12. Ако сонувате дека поранешниот партнер е болен

Ако сонувате дека се грижите за бившиот додека е болен или ако сонувате дека го посетувате додека е во болница, тоа значи дека сè уште се справувате со раскинувањето.

13. Ако сонувате дека поранешниот партнер умира

Ако сонувате дека умира личност што ја познавате, тоа може да биде навистина застрашувачко, а ако сонувате дека умира личност со којашто некогаш сте биле многу блиски, дури и ако не сакате никогаш повторно да разговарате со неа, тоа може да биде уште полошо. Сонот за смртта на поранешниот партнер може да предизвика да чувствувате вина во текот на следниот ден.

Но, не грижете се бидејќи ваквиот сон може да значи дека сте го оставиле минатото зад себе и дека сте подготвени целосно да ѝ се посветите на новата врска. Овој сон не значи дека би сакале вашиот поранешен партнер да умре, иако можеби сте го кажале тоа кога сте биле многу лути.

Прочитајте дали еротските соништа со друг маж се предупредувачки знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар