Како различни животни преживуваат од почетокот, па до последниот ден на зимата?

Како различни животни преживуваат од почетокот, па до последниот ден на зимата?

Последната четвртина од 2020 година е во полн замав, па зимата е зад аголот. На некои луѓе можеби веќе им здодеало да работат од дома поради пандемијата Ковид-19. Како и да е, покрај сите начини на кои пандемијата ни се вмеша во плановите, повеќето од нас ги имаат основните потребни работи покриено.

Како различни животни преживуваат од почетокот, па до последниот ден на зимата?

Само што ќе пристигне снежната виулица, ние сфаќаме колку е пријатно да се живее во топла куќа. Постојат живи суштества кои мораат да се борат да ја преживеат зимската сезона. Да, животните. Дозволете ни заедно да истражиме, како различни животни преживуваат од почетокот, па до последниот ден од зимата.

Миграција

Некои животни тешко ги преживуваат екстремно ладните услови. Затоа мораат да одат кон други места со потопла клима, каде што е полесно да се најде храна. Птиците се типичен пример на животни кои мигрираат. Додека некои птици летаат сами, други пак претпочитуваат да летаат во големи јата, да заштедат енергија. Што е најимпресивно, птиците знаат како да го најдат патот назад, секоја година. Управуваат по пат на ѕвездите, месечината и сонцето.

Доволно интересно е што не сите птици мигрираат. Во исто време, птиците не се единствен тип на животни кои се справуваат со зимата на овој начин. Многу риби одат кон потопла, подлабока вода. Има многу цицачи, како што се китовите, елени и некои лилјаци кои мигрираат за да најдат храна секоја зима. Можеби ќе бидете изненадени да научите дека исто така и инсектите мигрираат од различни причини. Некогаш мигрираат од една или кон некоја локација за парење. Во друг случај, миграцијата е сезонска. Пеперутките и вилинските коњчиња мигрираат со промена на сезоните, каде дождовните црви одат и до шест метри под површината.

Како различни животни преживуваат од почетокот, па до последниот ден на зимата?

Адаптација

Друг начин на кој животните се справуваат со месеците во зимата, вклучува правење промени во нивното тело или однесување. Зимските зајаци и видри растат подебело,бело крзно за да можат да се скријат подобро во снегот. За да останат на топло, животните копаат тунели низ снегот, бараат зимско засолниште во дупки на дрвјата и се држат заедно. Потешко е да се најде храна во зима, па животните барат различни стратегии за да се справат со овој предизвик. Верверичките,дабарите и глувчињата, собираат храна и ја складираат, за да можат да ја јадат подоцна. Други животни, како што е црвената лисица, ја прилагодуваат нивната исхрана според промените во сезоната.

Хибернација

И последно, но исто така важно е дека има животни кои го избегнуваат зимското невреме со хибернација. Мечките се само едни од примерите. Хибернацијата вклучува пагање во некој тип на длабок сон, што користи екстремно органичена количина на енергија. Животните кои хибернираат, некако ги исклучуваат нивните тела. Нивниот пулс и температурата на телото опаѓаат и почнуваат да дишаат на многу бавен начин. Како што можете да видите, не е лесно за животните да се справат со зимата. Па, дајте да ги цениме сите благослови во кои уживаме како луѓе.

Како различни животни преживуваат од почетокот, па до последниот ден на зимата?

Прочитајте и зошто мачките сакаат да спијат на главата на својот сопственик?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар