Каде да се напиете кафе во Солун според локалните жители?

Солун е една од најчестите дестинации на Македонците кои сакаат да поминат викенд надвор од државата. Ако планирате некој викенд во овој град, разгледајте ги овие неколку места на кои можете да го испиете вашето кафе. Во Солун кафулиња има во изобилие, но овие се препорачани од локалните жители.

1. Тихо Тихо (Tiho Tiho)

Тихо Тихо е модерно и симпатично место сместено во византиските ѕидини во близина на центарот на градот, на улица Полидору 1 и Аграфон (Рolidorou 1 & Agrafon). Го посетуваат сите генерации, од тинејџери до повозрасни луѓе. Покрај вкусното кафе, локалците го препорачуваат да го пробате и нивното полуслатко вино.

Каде да се напиете кафе во Солун според локалните жители

2. Мон Фрер Кафе (Mon Frere Cafe)

Ова кафуле е уредено во стил на француско бистро. Внатре речиси сè е бело, а подот е како табла за шах. Покрај богатиот избор на кафиња можете да нарачате и бели печива. Многу е популарно меѓу локалните жители, па затоа не е лесно овде да се најде слободна маса. Ќе го најдете на Каролу Дил 6 (Korolou Ntil 6).

Каде да се напиете кафе во Солун според локалните жители

3. Пис оф Кејк (Piece of Cake)

Мало симпатично кафуле скриено на ул. Хрисостому Смирнис 19 (Xrystostomou Smyrnis 19) во кое покрај кафето морате да нарачате и некое колаче, затоа што се прекрасни и омилени меѓу локалците. Кафулето го водат две девојки кои го уредиле по свој вкус, па местото има автентичен изглед чија цел не е да им се допадне на сите.

Каде да се напиете кафе во Солун според локалните жители

4. Пастафлора Дарлинг (Pastaflora Darling)

Во Пастафлора можете да се напиете кафе или нешто од големиот избор на коктели. Кафулето е во ретро стил, во многу бои и се наоѓа на улицата Зефксидос во самиот центар на градот. Тоа е едно од најпопуларните кафулиња во градот.

Каде да се напиете кафе во Солун според локалните жители

5. Поко Локо (Poco Loco)

Ако сакате да се освежите со одлична лимонада, покрај кафето, Поко Локо е препораката на локалните жители на Солун. Се наоѓа на Георгиу Ставру 12 (Georgiou Stavrou 12).

Каде да се напиете кафе во Солун според локалните жители

6. Микрон Кафе Корнер (Mikron Coffee Corner)

Микрон е одлично место за пауза за кафе додека го разгледувате центарот на градот. Покрај кафето нуди и извонредни десерти. Ќе налетате на него на ул. Василеос Ираклеју 12 (Vassileos Irakleiou 12).

Каде да се напиете кафе во Солун според локалните жители

Доколку вие знаете некое место кое вреди да се посети, а не е спомнато овде, споделете со нас во коментарите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар