Јапонски тест на личноста открива голема вистина: Сконцентрирајте се, запишете ги одговорите и откријте ги тајните на вашата потсвест

Јапонски тест на личноста открива голема вистина: Сконцентрирајте се, запишете ги одговорите и откријте ги тајните на вашата потсвест

Овој јапонскиот тест ги открива длабоките тајни на вашата потсвест и ќе откриете нешто што не сте знаеле за вашата личност. Размислувајте според упатствата и вклучете ја имагинацијата, одговорете спонтано, напишете го првото нешто што ви паѓа на памет и на крај прочитајте што открива секој ваш избор. Потсвесниот ум е чудесна работа, но недоволно истражена. Психолошките тестови како овој ќе ви помогнат да научите повеќе за себе.

Јапонски тест на личноста открива голема вистина: Сконцентрирајте се, запишете ги одговорите и откријте ги тајните на вашата потсвест

Замислете дека шетате во шума со личност по ваш избор. Со која личност шетате?

По некое време, сретнувате животно. Кое животно е тоа? Каква врска имате со него?

Продолжувате да шетате низ шумата, влегувате сè подлабоко во неа. Пристигнувате на чистинка и тука има напуштен лавиринт. Колку е голем лавиринтот? Колку се високи неговите ѕидови?

Одлучувате да влезете во лавиринтот, но личноста што е со вас ве советува да не влегувате. Сепак, вие влегувате сами. Во центарот на лавиринтот ќе најдете чаша. Од кој материјал е направена? Што ќе направите со неа?

Минувате низ лавиринтот и стигнувате до излезот. Која од овие изјави најдобро го опишува вашето доживување додека шетавте по лавиринтот?

1. Ова беше навистина лесно. Брзо најдов излез.

2. Ми требаше малку време додека да поминам низ него, но не беше страшно.

3. Се изгубив и на моменти помислував дека никогаш нема да излезам.

4. Личноста со која бев во шумата ме најде и ми го покажа патот. Во спротивно, сè уште ќе бев таму.

Дали ги запишавте сите ваши одговори? Во продолжение прочитајте што означуваат тие

Личноста со која шетавте низ шумата е најважната личност во вашиот живот.

Големината на животното што го сретнавте ја претставува вашата перцепција за големината на проблемите со кои се соочувате во животот, а начинот на кој се однесувавте со животното открива како се однесувате кон животните проблеми. Дали бевте пасивни или одлучивте да се борите со животното?

Вашиот избор открива многу за тајните на потсвеста

Патеките во лавиринтот го претставуваат патот што ќе го изберете за себе во животот. Додека сте тинејџери, најлесно е да се чувствувате изгубено и збунето – сето тоа се тие слепи улици и погрешни вртења. Вашето искуство со лавиринтот зборува за начинот на кој се сеќавате на годините што ве доведоа до зрелоста.

Висината на ѕидовите на лавиринтот зборува за висината на вашата амбиција да ги решите предизвиците со кои се соочувате. Нискиот ѕид сведочи за вашата отворена личност. Кај вас луѓето се добредојдени во текот на целиот ден. Високите камени ѕидови откриваат дека сте затворена личност. Сакате да бидете сами и не сакате ненајавени гости.

Издржливоста на материјалот од кој е направена чашата е вашата перцепција за издржливоста на врската со личноста со којашто бевте во шумата. Ако чашата е пластична, вашата врска е краткотрајна. Ако чашата е метална, вашата врска е постојана и можете да се потпрете на таа личност. Стаклената чаша зборува за кршливоста на вашата врска.

Тоа што го сторивте со чашата го претставува вашиот став кон личноста со која бевте на прошетка. Ако ја оставивте, ќе се чувствувавте оддалечено од таа личност. Ако ја понесовте со себе, ќе сакате да бидете блиски со таа личност.

Вашиот избор како стигнавте до излезот од лавиринтот:

1. „Ова беше навистина лесно. Брзо најдов излез.“

Иако многу луѓе ги гледаат своите тинејџерски години како период на стрес и збунетост, тој период за вас бил забавен. Не сте биле оптоварени со притисокот на врсниците. Тоа било одлична забава за вас. Сепак, ова може да значи дека вистинскиот животен тест е пред вас.

2. „Ми требаше малку време додека да поминам низ него, но не беше страшно.“

Училишните денови не ви биле лесни. Како и повеќето млади, веројатно поминавте многу ноќи грижејќи се за љубовта, за пријателството и за иднината. Тоа искуство ви помогнало да станете личноста што сте денес, а лекциите што сте ги научиле ви помагаат во тешките времиња.

3. „Се изгубив и на моменти помислував дека никогаш нема да излезам.“

Иако сите имаат тежок период во текот на созревањето, вие ги доведовте вашите проблеми до крајности. Постојано сте се двоумеле за проблемите и ве измачувале сомнежи. Тоа веројатно придонело за сериозноста и за длабочината на вашиот карактер. Сега е време да се опуштите и да уживате во животот. Вие го заслужувате тоа.

4. „Личноста со која бев во шумата ме најде и ми го покажа патот. Во спротивно, сè уште ќе бев таму.“

Причината за задоволството во вашиот сегашен живот лежи во пријателите што сте ги стекнале и во врските што сте ги формирале во младоста. Бевте загрижени, но секогаш имавте кому да се обратите кога ви беше тешко. Бидете благодарни за среќата што ја имавте досега. Сега, вие сте на ред да ја возвратите услугата и да им помогнеме на другите кои на кои им е потребна помош.

Направете го и овој визуелен тест на личноста и откријте каков е вашиот начин на комуницирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар