Визуелен тест на личноста: Каков е вашиот начин на комуницирање?

Визуелен тест на личноста: Каков е вашиот начин на комуницирање?

Зборот комуникација потекнува од латинскиот збор „communis“, што значи споделување. Ефективната комуникација значи дека пораката од испраќачот е разбрана од примачот токму онака како што требало. Добрите комуникациски вештини се клучни за личниот развој и успехот, па не е ни чудно што луѓето бараат начин да ги подобрат. Проблемот е што секој е уникатен и има свој начин на комуникација, па не постои формула што одговара за сите. Доколку и вие сакате да ги подобрите вашите вештини за комуникација, најпрво треба да откриете каков е вашиот начин на комуницирање. Овој тест ќе ви помогне во тоа.

Визуелен тест на личноста: Каков е вашиот начин на комуницирање?

Погледнете ја сликата и размислете што прво забележавте. Она што прво ви паднало во очи ќе ви открие како комуницирате со семејството, пријателите и сите околу вас.

1. Нога на маж

Ако прво ја забележавте ногата на мажот, вие сакате да комуницирате директно. Вие сте личност која лесно може да ги сподели нејзините мисли и чувства со другите. Тоа е одлично бидејќи ви помага да го изнесете вашиот став, но ѝ полесно да ги завршите работите.

Но, понекогаш вашиот начин на комуникација не обрнува внимание на туѓите чувства и емоции. Понекогаш потребно е да бидете почувствителни додека разговарате со некого. Можете да го искажете вашето мислење и без да ги повредите луѓето околу вас.

2. Нога на жена

Вие сте личност којашто сака да размисли пред да каже нешто. Одвојувате време да ги разберете вашите чувства и мисли и секогаш ги барате совршените моменти, места и време за да ги искажете вашите чувства.

Но во овој процес може да се појави одолговлекување во комуникацијата и додека вие да се подготвите да прозборите, соговорникот може погрешно да ја толкува вашата тишина. Добро е што одвојувате време да размислите за вашите мисли пред да ги споделите, но тишината може да се сфати на многу начини. Па наместо да молчите, кажете му на соговорникот дека размислувате за вашиот одговор.

3. Двете нозе

Вие сте личност која обично не размислува многу пред да каже нешто. Имате силни ставови и екстремни емоции, па сакате да ги споделите што е можно побрзо. Ова ве прави спонтани и многу луѓе се восхитуваат затоа што не се воздржувате. Сепак, овој начин на комуницирање може да ги повреди луѓето околу вас.

Добро ќе биде ако одвоите момент за да ги анализирате вашите мисли и чувства и да размислите за нивното влијание на другите. Дури потоа продолжете со зборување.

За да откриете и каков е вашиот начин на размислување, доволно е да одговорете само на ова прашање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар