10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Експертите за маркетинг ефикасно ја користат психологијата на боите за да создадат специфични асоцијации во мозокот на луѓето. Едно истражување тврди дека 90% од одлуките на луѓето се засновани на бојата на предметот. Исто така, можете да ги контролирате вашите емоции со тоа што ќе научите какви ефекти има секоја боја врз вас. Во продолжение прочитајте како боите на предметите околу вас може да влијаат на вашата емоционална состојба.

1. Портокалова

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Како се чувствувате: Може да ве поттикне и да ве стимулира кога станува збор за физичката активност. Оваа боја го поттикнува чувството на оптимизам и храброст, па чувствувате дека можете да постигнете многу работи. Портокаловата боја честопати се поврзува со креативноста и со забавата.

Кога ви е потребна: Секогаш кога сакате да вежбате, да привлечете внимание кон себе или да комуницирате со другите. Портокаловата боја е одлична за фитнес-простории, за забави и за разни униформи.

2. Сина

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Како се чувствувате: Оваа боја предизвикува чувство на удобност и мир. Сината боја се поврзува со бојата на водата и на небото кои се симболи на слободата и на спокојството.

Кога ви е потребна: Сината боја е совршена за релаксација и затоа треба да ја имате во вашиот дом или каде и да било на друго место каде што ви треба мир и тишина.

3. Зелена

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Како се чувствувате: Бидејќи зелената е бојата на животот, таа е поврзана со чувството на рамнотежа, безбедност и стабилност. Зелената исто така може да ја инспирира благосостојбата и да ја обнови вашата енергија.

Кога ви е потребна: Зелената боја е се поврзува со храната, па затоа е многу популарна кај намирниците и може да биде корисна во кујната. Неколку зелени предмети низ вашиот дом (на пример растенија) може да внесат многу живост во вашиот простор.

4. Црна

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Како се чувствувате: Црната предизвикува чувство на сигурност и на емоционална заштита. Оваа боја е совршена за прикривање чувства и за криење на ранливоста.

Кога ви е потребна: За многу луѓе, црната боја е прв избор кога станува збор за технологијата бидејќи изгледа безбедно и сигурно. Исто така, при комуникацијата таа покажува авторитетот и мистериозност.

5. Виолетова

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Како се чувствувате: Се верува дека виолетовата боја предизвикува ментална рамнотежа и стабилност и е бојата на духовното просветлување. Виолетовата, исто така, е омилена боја кај кралските семејства и затоа честопати се поврзува со луксузот.

Кога ви е потребна: Кога сакате да се опуштите и да се чувствувате удобно. Во принцип, виолетовата е одлична боја за вашите меки предмети во домаќинството, како ќебиња, постелнини, перници итн.

6. Црвена

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Како се чувствувате: Црвената е боја на моќта, на страста и на енергијата. Ве мотивира и ве поттикнува на непосредна акција, па дури може да се чувствувате непријатно ако сте интроверт или ако се наоѓате во ситуации кои бараат мир и тишина.

Кога ви е потребна: Ако треба да завршите некоја работа, црвената боја е совршена за стимулирање на активноста. Одлична е и за привлекување внимание кон себе и за зајакнување на самодовербата.

7. Жолта

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Како се чувствувате: Жолтата боја предизвикува возбуда, позитивност и забава. Но, таа е исто така бојата на свеста, без чувство на загриженост или страв.

Кога ви е потребна: Можеби забележавте дека повеќето знаци на аеродромите и на патиштата содржат црн текст на светложолта позадина. Тоа е така затоа што жолтата боја веднаш привлекува внимание и ве тера да се фокусирате на информацијата. Исто така, тоа е совршена боја кога треба да направите презентација или да пренесете итна порака.

8. Бела

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Како се чувствувате: Белата е боја на чистотата и на невиноста. Таа предизвикува чувство на сигурност, надеж и нови почетоци. Луѓето чувствуваат немир кога белата боја се користи надвор од контекст. Поради тоа, моментите кога негативните ликови во филмот пијат млеко се многу ефективни.

Кога ви е потребна: Користете бело за да ја изразите чистотата и удобноста. Оваа боја често ја гледате во хотелите и во болниците затоа што е одлична за покажување гостопримство и сигурност.

9. Розова

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Како се чувствувате: Розовата претставува романса, топлина и женственост. Оваа боја се поврзува со негувањето и со грижливото однесување, па затоа често се користи кај производите за жени и деца.

Кога ви е потребна: Розовата боја може да предизвика жените да изгледаат попривлечно во очите на мажите. Розова облека, розова шминка, розови нокти – сето тоа го дополнува романтичниот изглед кај секоја девојка. Оваа боја често се користи и кај колачите затоа што ве тера да мислите дека тоа што го гледате е многу слатко.

10. Кафена

10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

Како се чувствувате: Кафената боја е природна и утешна. Таа предизвикува чувство на стабилност и сигурност, па затоа е една од боите што лесно може да направат да се чувствувате како дома каде и да сте.

Кога ви е потребна: Секогаш кога треба да направите околина околу вас да изгледа попријатно. Кафената боја е ефикасна кога се користи на дрвени предмети за да покаже издржливост и богатство.

Прочитајте кои нијанси докажано го подобруваат расположението.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар