Изгледа дека старците секогаш ги имаат најдобрите решенија за проблемите

Изгледа дека старците секогаш ги имаат најдобрите решенија за проблемите

Когнитивното здравје е далеку од само добра меморија. Тоа вклучува одлучување, спознавање и решавање на проблемите, објаснуваат експертите од американскиот институт за медицина. Иако многумина сметаат дека когнитивната функција се намалува со годините, научниците тврдат дека токму спротивното е вистина.

Имено, стареењето може да има и позитивни ефекти на способноста за решавање проблеми. Со оглед на фактот дека со секоја година ние собираме сè поголемо искуство, ова воопшто не треба да нè изненадува. Па, како всушност им успева? Изгледа дека старците имаат способност да го согледаат проблемот од повеќе страни поради искуството, притоа наоѓајќи го најефективното решение.

Од друга страна пак, научниците исто така потврдуваат дека невроните не изумираат во староста, па нашиот мозок продолжува да работи со полн капацитет. Единственото нешто што е различно е само поголемото искуство. Сепак треба да се има на ум дека оваа состојба може да се случи, па губењето на невроните е главниот проблем при појавата на Алцхајмеровата болест.

Постојат неколку начини како можете да се заштитите од деменција. На пример, редовно проверувајте го крвниот притисок, и ако пушите, веднаш оставете ги цигарите. Исто така, бидете што е можно физички поактивни, особено со шетање. Никогаш не земајте лекови на своја рака и за секој лек консултирајте се со доктор за неговото влијание на когнитивното здравје.

Дружете се со луѓе, излегувајте на свеж воздух и најдете нешто што ве исполнува. Вежбајте го своето знаење и решавајте крстозбори за да го одржувате когнитивното здравје. Исто така одвојувајте доволно време за спиење и погрижете се да не сте постојано изложени на стресни ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар