Изберете ѕвезда и ќе ја откриете вашата карма од минатиот живот

Дали ви изгледа дека понекогаш, колку и да се обидувате, некои работи не одат како што треба? Можно е да се работи за заостаната карма од минатиот живот на која треба да поработите и конечно да ја завршите таа приказна. Па ако сакате да дознаете дали „влечете“ нешто од минатиот живот, без да размислите изберете кристална ѕвезда – онаа која веднаш ќе ве привлече. Вашиот избор ќе ја открие нерешената карма од вашиот минат живот…

Изберете ѕвезда и ќе ја откриете вашата карма од минатиот живот

Ѕвезда број 1 – Заминување од нездравите односи

Во минатиот живот поголемиот дел од времето сте го минувале сами, изолирано и сте се чувствувале напуштено од сите. Тоа е причината зошто во овој живот односите ви се многу важни и ќе направите сѐ за да не дојде до распаѓање на истите. Тоа може да бидат односи поврзани со семејството, пријателите или колегите на работа, како и романтичната врска со некого.

Вие го гледате само доброто во луѓето, а не и она лошото, односно го гледате само она што го сакате без разлика на реалноста и колку е можеби таа врска токсична. Кога тоа ќе ви се случи, вие и понатаму се борите за тој однос подолго отколку што е потребно и здраво.

Сето тоа е резултат на вашиот страв од самотија и стравот дека нема да добиете оправдување од другите. Морате да научите како да ги препознавате знаците на предупредување кои во иднина ќе ве спасат од болка, скршено срце и разочарување.

Ѕвезда број 2 – Саботирање на самите себеси и на своите цели

Во минатиот живот сте правеле работи во кои сте верувале, но не биле добро осмислени, па резултатите изостанувале. Тие ваши одлуки ве довеле во опасност и вас и другите, како финансиски, така и физички. Тоа резултирало со губење на довербата во себе.

Постои начин за да го решите тоа. Треба да најдете време за да размислите добро пред да одлучите нешто, односно да забележите сѐ што сте направиле успешно и мудро во претходните години.

Исто така, не барајте премногу од луѓето да ви кажат што мислат или пак да ве советуваат. Ако премногу барате од другите да ве водат, тогаш ќе бидете уште позбунети бидејќи нема да одите по сопствениот пат.

Ѕвезда број 3 – Потешкотии со довербата во другите луѓе

Во минатиот живот често сте биле жртва на превара и непочитување, па сте ја изгубиле довербата во другите луѓе.

Исто така сте станале и многу сериозни. Тоа ви се пренело и во овој живот, па затоа и треба да поработите на овој проблем. Ги привлекувате луѓето поради кои вашата доверба ќе биде ставена на тест. Обидете се да ја слушате својата интуиција и да ѝ верувате кога се во прашање луѓето.

Знаците постојано се околу нас, па затоа и треба да внимавате на нив за да дознаете дали некој е добар или лош човек. Издвојувајте време за градење на односите со луѓето околу вас, со цел подобро да ги запознаете пред да почнете да ги судите. Исто така добро е да ги запознаете во секое светло пред да одлучите да ви бидат пријатели или партнери…

Погледнете ги и овие 7 начини да привлечете позитивна карма во вашиот живот!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар