Лута исповед на една мајка на која ѝ дошло преку глава од мажите кои не помагаат низ дома

Тешко е да се основа семејство. Обајцата партнери треба да бидат посветени и да работат напорно. Тимската работа е од клучно значење. Можете да си замислите каков презир се јавува кога едниот од партнерите ќе почне да ги занемарува своите обврски! Другиот мора да го носи целиот товар и тоа не се одразува добро на врската. Австралиската блогерка и мајка на 4 деца, Констанс Хол, објавила статус на Фејсбук кој станал вирален.

Лута исповед на една мајка на која ѝ дошло преку глава од мажите кои не помагаат низ дома

Статусот предизвикал лавина од коментари, најчесто од жени, кои исто така биле фрустрирани поради неодговорното однесување на нивните сопрузи. Иако општествените очекувања за жените се менуваат, благодарение на борбата против сексуалното вознемирување и нерамноправноста, сепак се чини дека овие промени не се случуваат во домашни услови. Секако дека постојат исклучоци и дека многу жени се среќни и благодарни поради тоа што нивните сопрузи се одговорни и посветени.

Прочитајте го статусот од Констанс и размислете дали се согласувате со неа…

Неодамна, додека се жалев поради тоа што морам сѐ да правам сама по дома и многу од моите пријателки се согласија со мене, некој ми кажа „Ако сакаш помош, мораш да бидеш конкретна… побарај помош. На луѓето им требаат листи, тие не можат да читаат умови.“

Па, се обидов на тој начин, барав… конкретни работи…

„Можеш ли да го изнесеш ѓубрето?“

„Можеш ли да станеш со децата? Јас сум малку уморна откако го правам тоа сама веќе 329 години.“

„Можеш ли да одиш до продавница? Јас веќе 3 пат ја испразнив машината за перење, направив ручек, ги купив сите книги што им требаат на децата за на училиште, го исчистив базенот.“

И таа беше во право! Работите навистина беа завршени!

Но, јас бев исцрпена поради тоа што постојано давав заповеди, се обидував да запомнам што треба да побарам да се заврши, постојано досадував…

И знаете што се случи во моментот кога престанав да барам?

НИШТО.

Повторно истото.

И така дојдов до заклучок дека не е ваша работа да барате помош, не е моја работа да пишувам листи. Имаме премногу работа и не треба да подучуваме некого како да нѐ цени нас и нашата глупава работа.

Едноставно направете го тоа што треба да се направи!

Мислете еден на друг и на обврските во домот. Дали едниот од вас работи додека другиот си лежи со сите 4 во вис? Дали едниот од вас се дружи со пријателите додека другиот го лупи 30-тото парче овошје дента? Дали едниот од вас го носи целиот товар?

Кога досадувањето ќе престане, кога повикот за помош ќе згасне и кога нема да има повеќе листи, сѐ што ќе ви остане е тивок презир. А тоа, пријатели, е како рак на љубовните врски.

Не е ничија должност да учи некого како да биде внимателен. Тоа е ваша работа.

Едноставно измијте ги садовите без да биде побарано тоа од вас, барем одвреме-навреме!

Лута исповед на една мајка на која ѝ дошло преку глава од мажите кои не помагаат низ дома

Повеќето жени се пронајдоа во овој статус и ја поддржаа Констанс…

„Многу е секси кога треба да му давате обврски на возрасен маж кој се преправа дека нема никаква моќ за набљудување.“

„Овој феномен кога мажите започнуваат моногамна врска и одеднаш почнуваат да се однесуваат како деца мора да престане!

Од неодамна сум сингл, бидејќи во текот на првите 3 години од врската тој беше мажот од моите соништа. Кога не бевме слободни во ист ден, тој ја чистеше куќата и правеше вечера. Го носеше моите (не неговите) деца со себе додека ги извршуваше обврските, планираше интересни изненадувања и слично. Постепено тоа престана и сега додека сум на работа, тој само спие, јаде или оди на голф.

4 години го молев партнерот повторно да стане мажот од моите соништа, но ништо не се случи, му реков да си замине. Работев 70 часа неделно, но никогаш не можев да бидам исто толку ’уморна’ колку него. Ако веќе сѐ морам да правам сама, сакам да бидам сингл за време на целиот процес.“

„Не, не сте читачи на умови. Вие сте возрасни, господа.“

Некои жени, пак, се обиделе да најдат објаснување за проблемот…

„Смешно ми е тоа што познавам толку многу жени кои се жалат дека нивните сопрузи се бескорисни кога станува збор за грижење за домот и децата, а сепак гледам како истите тие жени прават сѐ за нивните синови, без разлика дали се тинејџери или возрасни. Никогаш не им дозволуваат да мрднат со прст. Тие исто така им се лутат на мажите поради тоа што не им помагаат во домот. Сите треба да се грижат за домашните обврски, без разлика дали имаат работа или не. Колку повеќе се однесувате со сопругот како со дете толку повеќе ќе се однесува на тој начин.“

„Кога мажите ги извршуваат домашните обврски, тие не ’помагаат’. Тие се рамноправни партнери и сопственици на домот. Кога жената ги извршува домашните обврски, не се вели дека му ’помага’ на сопругот. Жените знаат дека треба да соработуваат за да го одржат домот и преземаат иницијатива. Обајцата партнери се подеднакво одговорни за домот и тоа не треба да се гледа како ’помагање’, туку како извршување на своите обврски. Не треба едниот партнер да биде главниот извршител, а другиот да биде ’помошникот’. Треба да се ослободиме од верувањето дека жените треба да ’бараат помош’. Обајцата партнери се возрасни и треба да си ги знаат своите обврски.“

Постојат и жени кои се задоволни од нивните сопрузи и имаат среќни бракови…

„Колку подолго ги користам социјалните мрежи толку повеќе сфаќам колку сум благословена што го имам мојот сопруг. Никогаш немам побарано од него да направи нешто, ниту пак тој побарал од мене. Обајцата живееме во домот. Заедничка работа е да се грижиме за него. Истото важи и за нашите деца. Никогаш не сум морала да побарам помош.“

„Му давам на синот домашни обврски што се само негови, како што се чистење на тоалетот и перење алишта, без да треба да го потсетувам на нив. Вчера тој ја испразни машината за перење садови без да ме праша, бидејќи виде дека треба да се направи тоа.“

Што мислите вие за ова? Дали жените треба да бараат помош или мажите треба да преземат одговорност за своите обврски без некој постојано да ги потсетува?

Како што веќе споменавме, постојат исклучоци и жени кои се задоволни од нивните сопрузи. Во тој контекст, прочитајте го следново моќно писмо од сопруг кој секојдневно го чисти домот и ги мие садовите.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар