Истражување: Можете да учите додека спиете, но само во правилни услови

Изгледа дека луѓето кои се обидуваат да научат нешто ново или да се откажат од пушењето слушајќи снимки додека спијат, навистина знаеле што прават. Наводно, во вистински услови, заспаниот човечки мозок е способен да научи нов вокабулар.

Истражување: Можете да учите додека спиете, но само во правилни услови

Според истражување спроведено од страна на научници од Универзитетот во Берн, човечкиот мозок може да апсорбира информации за време на спиење.

На заспаните испитаници им биле пуштани снимки од зборови во пар. Едниот збор, како на пример „tofer“ секогаш бил измислен, додека вториот, како на пример „house“ (куќа) секогаш бил вистински. Ако парот зборови бил слушнат за време на одредена точка од одреден мозочен бран, испитаниците можеле да одговараат на прашања за зборовите откако ќе се разбуделе.

Мозочните скенирања направени за време на овие тестови покажале слична мозочна активност како кај личност која научила нов збор.

Но доколку планирате да отпатувате негде, најверојатно треба да останете будни додека го изучувате јазикот. Испитаниците не запомниле ништо комплексно како нов јазик, само некои измислени зборови. Сепак и покрај ова, ова истражување отстранува некои стари претпоставки за мозокот и покажува колку всушност е динамичен нашиот мозочен систем.

Пробајте ги овие совети за успешно учење странски јазик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар