Зошто татковците се многу посреќни од мајките?

Изгледа дека татковците се чувствуваат многу подобро во врска со родителството за разлика од мајките. Истражувањето кое било спроведено на Универзитетот во Калифорнија, анализирало податоци од претходни истражувања кои го проучувале емоционалното здравје на 18.000 луѓе и споредувале карактеристики како среќа, благосостојба, стрес, психолошко задоволство и депресија.

Зошто татковците се многу посреќни од мајките?

Првите две истражувања споредувале родители со луѓе без деца и се открило дека татковците се посреќни и помалку депресивни за разлика од нивните врсници без деца. Од друга страна, мајките често биле подепресивни за разлика од жените без деца.

Трето истражување го споредувало нивото на среќа кај мајките и татковците. Овој пат се покажало дека татковците се посреќни, односно дека се позадоволни додека се грижат за децата, за разлика од мајките.

„Овие резултати воопшто не се изненадувачки. Жените и понатаму често го имаат когнитивниот товар во семејството. Едноставно кажано, дури и кога татковците активно учествуваат во домаќинството, обично жените продолжуваат да бидат одговорни за водење сметка околу тоа што и кога треба да се случи нешто“, објаснила психотерапевтката Лорен Н. Барнс.

Токму поради ова жените се почесто незадоволни и под стрес.

Авторката на истражувањето, Катрин Нелсон-Кофи, предлага наоѓање на повеќе прилики за играње со децата бидејќи и родителите ќе имаат придобивки од тоа. Но иако ова звучи лесно изводливо, најчесто е спротивното.

Дознајте и што се случува со децата одгледани од хомосексуални родители.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар