Истражувањата покажале дека стресот убива повеќе луѓе од сообраќајните несреќи

Едно истражување покажало дека 7 луѓе умираат од стрес на секои 7 секунди. Податоците за сообраќајните несреќи покажуваат дека на секои 12 минути умира по 1 личност во сообраќајна несреќа.

Истражувањата покажале дека стресот убива повеќе луѓе од сообраќајните несреќи

Иако многу луѓе го знаат штетното влијание на стресот врз човечкото здравје, ретко се презема нешто за негово спречување. Луѓето секојдневно се преплавени со обврски, се грижат премногу за работата и забораваат дека само здрава личност може да биде продуктивна. Не е ни чудно што Светската здравствена организација го нарекува стресот „епидемија на 21-виот век“. Ова се неколку од штетните ефекти на стресот.

1. Намалена желба за секс

Само во САД, 30 милиони мажи имаат проблеми со ерекцијата. Многу луѓе обично не мислат дека стресот е причината за нивниот проблем. Всушност, мнозинството мажи користат пилули за проблеми со ерекција без да размислат за негативните ефекти на нивното здравје. Повеќето луѓе кои се жалат за намалена желба за секс или имаат стресно работно место, или работат по многу часови.

Стресот влијае и на телото и на умот, го менува вашето расположение и начинот на којшто реагирате. Експертите велат дека на телото му е потребно малку од хормонот кортизол, за краток временски период. Но кога стресот е присутен подолго време, телото лачи повеќе кортизол, а со ова се намалува количеството на секс хормоните во телото. Покрај тоа хроничниот стрес го зголемува ризикот од инфекции кај машките репродуктивни органи.

2. Стресот го ослабува имунитетот

Било спроведено истражување на студенти по медицина кое траело 11 години и чија цел било да се покаже како стресот го ослабува имунитетот. Истражувачите откриле дека имунитетот на студентите слабеел секоја година додека биле под стрес од 3-дневна испитна сесија. Стрес хормонот кортикостероид го потиснува имунитетот и го прави телото поподложно на инфекции.

3. Стресот предизвикува неколку здравствени проблеми

Не е чудно што 79-90% од сите посети на лекар се поврзани со стрес. Покрај фактот дека стресот предизвикува неколку здравствени проблеми, според истражување од Светската здравствена организација, последиците од стресот можат да бидат деформитет и смрт. Хроничниот стрес предизвикува разни симптоми и влијае на целото ваше здравје. Телото реагира на симптомите на стрес со физички, ментални и емоционални одговори. Стресот може да предизвика и долгорочни болести како дијабетес, висок крвен притисок, депресија и анксиозност.

Како да го надминете стресот?

1. Не претерувајте со работење

Кога станува збор за завршување неколку обврски без пауза, ефектот на вашето здравје може да биде смртоносен. Секогаш можете да најдете начин да не претерате со работење. Кај 80% од сите пациенти со здравствени проблеми поврзани со стресот, проблемите се предизвикани од долгорочни активности. Најдобриот начин да го надминете стресот е да направите рамнотежа помеѓу бројот на активности што ќе ги завршите и бројот на активности што можете да ги завршите.

2. Справете се со емоциите поради опкружувањето

Едноставен начин да го избегнете стресот е способноста за справување со вашите емоции под разни околности и притисок. За жал стресот навистина стана хронична активност која се поврзува со човечкиот мозок. Но за луѓето е невозможно да престанат да работат поради стрес и единствениот начин да го избегнете стресот на работното место е употребата на емоционалната интелигенција. Истражувањата покажале дека 90% од најдобрите изведувачи знаат како да се справат со нивните емоции во стресни ситуации со цел да останат смирени и под контрола.

Дознајте и кои се најопасните последици од стресот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар