Што се крие во новооткриениот масовен саркофаг од Египет?

Што се крие во новооткриениот масовен саркофаг од Египет?

Во гробница во Александрија, Египет е откриен масивен црн саркофаг од гранит и скулптура од маж кој можеби бил закопан таму. Саркофагот изгледа навистина неверојатно. Долг е речиси 2,7 метри, широк 1,5 метри и длабок 1,8 метри. Според Мустафа Вазири, генерален секретар на Египетскиот врховен совет за антиквитети, ова е можеби најголемиот саркофаг откриен во Александрија.

Што се крие во новооткриениот масовен саркофаг од Египет?

Поголемиот дел од саркофагот е покриен со дебел слој малтер, а ова укажува дека не е отворен откога е закопан. Поради ова личноста што е закопана внатре, заедно со облеката, накитот и артефактите, можеби е во одлична состојба и чека да биде откриена.

До саркофагот е пронајдена и глава на маж направена од алабастер. Главата најверојатно го претставува човекот закопан во саркофагот.

Што се крие во новооткриениот масовен саркофаг од Египет?

Тим од Египетското министерство за антиквитети ја истражувал околината пред да започне изградба на зграда кога го откриле мистериозниот ковчег.

Саркофагот датира помеѓу 304-та и 30-та година п.н.е., период по смртта на Александар Велики кога наследниците на Птоломеј Први владееле со Египет. Во овој период, Александрија била главен град на Египет.

Ова откритие ги остава археолозите со неколку неодговорени прашања. Кој е закопан во саркофагот? Кои артефакти се кријат внатре? Зошто саркофагот е толку голем?

Иако древните гробници скоро секојдневно се откриваат во Египет, најчесто тие се ограбени, или во древниот или во модерниот период. Повеќето саркофази што се откриваат се веќе отворени, артефактите се украдени, а често коските од мумиите се расфрлани од крадците.

Во овој случај саркофагот не е отворен, а ова е одлична можност за археолозите да ја проучат неговата содржина. Саркофагот уште не е отворен. Со цел да се избегне оштетување, археолозите најверојатно ќе користат рендгенски зраци, компјутерски томографски скенер и други тестови за да дознаат што се крие во неговата внатрешност без да го отвораат.

Дознајте нешто повеќе за најпознатите нерешени мистерии од древен Египет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар