Историјата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?

Покажувањето среден прст се смета за една од најголемите навреди во денешно време, но неговите корени датираат уште од времето пред Христос. Првиот пишан траг за овој гест потекнува од античка Грција кога пред околу 2.500 години, драмскиот писател Аристофан направил груба шега на тој начин што го споредил средниот прст со машкиот полов орган. Ова се сметало за непристојно дури и во тоа време.

Историјата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?

Некои антрополози тврдат дека гестот е преземен од класичниот пасивно-агресивен чин што го користат мајмуните за да го понижат противникот и да го направат сексуално инфериорен преку покажувањето на своите гениталии. Човекот одлучил на поцивилизиран начин да го навреди и понижи противникот со тоа што ќе му го покаже средниот прст.

Средниот прст преку грчката уметност, музика и култура дошол во Рим, па така Калигула, кој бил познат по неговите перверзии, често знаел да ги шокира жителите со тоа што барал од нив да му го бакнат средниот прст наместо рацете.

Покажувањето среден прст во јавност драстично се намалило во текот на Средниот век поради негодувањата на католичката црква, а во 19-ти век повторно почнало да доаѓа до израз благодарение на новото откритие, фотографијата. Во 1886 година, познатиот бејзбол играч, Чарлс Редборн, за време на позирањето со неговиот тим, влегол во историјата како првиот човек кој покажал среден прст на фотографија.

Историјата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?

Денес, средниот прст е еден од најпознатите примери за невербална комуникација и се користи во речиси сите делови од планетата. Тој е широко распространет и во поп културата, каде што претставува некаква форма на бунт, а неговата употреба не им е непозната ниту на луѓето кои имаат висока државна функција.

Во продолжение дознајте ја чудната историја на сончогледот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар