Чудната историја на сончогледот

Чудната историја на сончогледот

Сигурно ќе си помислите дека нема многу што да се знае за сончогледот. Ова растение е практично насекаде. Но сепак, тоа има повеќе од едноставна историја и патувачко искуство кое не можете да го замислите. За неговото потекло и опстанок низ вековите може да се направи холивудски филм. Ова е неговата приказна проследена со фантастични фотографии.Чудната историја на сончогледотСончогледот потекнува од Северна Америка, но потоа ќе патува во Стариот свет и назад и повторно ќе се врати, за да стане растението кое го знаеме денес. Тој, веројатно бил една од првите култури кои се одгледувале во Северна Америка. Пред да почне да се одгледува како култура, најверојатно бил употребуван како природен извор на масти. Сончогледовото семе се меша со брашно и од него се прават различни видови питички кои ги јадеме и денес. Чудната историја на сончогледотПред околу 5 илјади години луѓето во јужните делови на Америка (денешната држава Мексико), почнале да го култивираат растението. Како што го одгледувале, во текот на генерациите сончогледовото семе станувало сè поголемо. Тоа значи дека сончогледот кој го знаеме има големи разлики со нативното растение поради влијанието на луѓето во текот на овие илјадници години.Чудната историја на сончогледотСе смета дека сончогледот бил „припитомен“ дури и пред пченката од страна на Чероките и другите нативни Индијански племиња. Тој станал многу важен дел од нивната исхрана и добар извор на масти, така компензирајќи го недостатокот од нив поради исхраната со сурово месо. Исто така, и Ацтеките го култивирале сончогледот, па дури и го обожувале. Тие правеле венци за глава од сончогледови лисја во нивните обреди кон богот на Сонцето. Неговото минато носи и поголеми тајни. Сепак, никој не би претпоставил какви сè не патувања ќе издржи билката на Сонцето.Чудната историја на сончогледотЧудната историја на сончогледотДенес, семките од сончогледот се многу хранлива и здрава ужина. Тој се употребува за производство на леб како и за познатото масло од сончоглед. Исто така, се употребува за добивање на пурпурна боја за сликање на облека, тело и на други објекти. Останатите делови од растението се користат во медицината како лекови против каснување од змија. Маслото од семето е убаво за подмачкување на косата и кожата со што им дава извонреден сјај. Во античките времиња, сувите стебла на сончогледот биле употребувани и како градежен материјал.Чудната историја на сончогледотЧудната историја на сончогледотМногу луѓе и не го знаат точното потекло на сончогледот со оглед на тоа дека неговото семе било транспортирано од Новиот Свет од страна на Европејците преку Атлантикот во Европа и подалеку. Се претпоставува дека тој пристигнал во Шпанија на почетокот на шеснаесетникот век. Но, поради неговата големина и раскошност, најпрво бил употребуван само како декоративно растение. Употребата на семето за производство на масло била откриена дури во 1716 година во Англија.Чудната историја на сончогледот Својата најголема популарност сончогледот ја достигна во 18-тиот век и тоа благодарејќи на Рускиот крал Петар Велики. Тој на своите освојувања, за првпат се сретнал со оваа билка во Холандија заслепен од нејзината убавина, па така тој понел семиња назад во Русија. Еден од поважните моменти во историјата на сончогледот е тоа што за време на Големиот Пост за време на христијанските празници, Руската православна црква забранила консумирање на секакво масло, освен на она добиено од сончоглед. До третата деценија на 20-тиот век сончогледот стана еден од најупотребуваните суровини за производство на масло.Чудната историја на сончогледотВо тој период Русија била преплавена со џиновските цвеќиња и се одгледувале преку 2 милиони хектари годишно. Биле идентификувани два типа, едниот за производство на масло и еден за лична употреба. Руската влада дури инвестирала пари во проекти за истражување на сончогледот. Научникот В.С Пустовоит е еден од основоположниците на овие проекти за размножување и наградите кои се доделуваат во оваа област го носат неговото име. Следната фаза во развитокот на сончогледот е во 1830 година кога тој повторно се враќа на Американско тло.Чудната историја на сончогледотТака се случува една иронија во историјата. Сончогледот се враќа во Америка, но како руски изум. Се смета дека имигрантите кои пребегале во Америка и Канада го донеле сончогледот назад во мајчината земја. Било потребно време, Американците да ги искористат предностите на ова растение како готова култура. Најпрво го употребувале како храна за кокошки. Тогаш, во 1926 година Асоцијацијата на одгледувачи на сончоглед од Мисури, започнала да го преработува сончогледовото семе во масло. Тајната конечно била откриена и од тој момент па натаму, ништо нема да биде исто за оваа раскошна билка. Канаѓаните исто така, следејќи ја идејата на Американците, почнале да одгледуваат сончоглед околу 1930-тата година според програмата на владата. И во двете земји семето било дојдено од страна на членови на руската заедница.Чудната историја на сончогледотПа така трката била започната. Хектарите со сончоглед се зголемувале со зголемената побарувачка за масло. Во 1946 година огромен број семиња биле засадени во Канада, Северна Дакота и во Минесота со што овие земји се вклучиле во трката за најголеми култиватори на сончоглед. Сепак, за поголем принос се користел планот на русинот Передовиќ (денес, во негова чест има вид сончоглед кој дава црно масло). Потоа пристигнале седумдесеттите со новите технологии за одгледување и хибридизацијата.Чудната историја на сончогледотВо раните осумдесети, Америка располагала со 5 милиони хектари сончоглед. Но, во тој период побарувачката за масло во Европа нагло пораснала, поради што руските култиватори не можеле да произведат онолку колку што било потребно. Па затоа, сончогледот повторно допатувал во Европа каде почнал да се одгледува скоро во сите земји. Така, Америка денес не е толку голем извозник на сончогледово масло.Чудната историја на сончогледотПа така, во еден чуден, но комплетиран круг на патувања, сончогледот е дома и се надеваме ќе остане таму подолго. Древните Американски племиња можат да се гордеат со своето растение на Сонцето, бидејќи всушност тие биле оние кои ги откриле неговите огромни потенцијали и придонеси во исхраната.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар