Исповедта на една оставена девојка: Кога момчето ќе го забрани секси облекувањето…

Прочитајте го искреното писмо на оставената девојка која открива како раскинувањето поради „непримерното“ облекување влијаело на нејзиниот живот.

1-ispovedta-na-edna-ostavena-devojka-koga-momcheto-kje-go-zabrani-seksi-oblekuvanjeto-www.kafepauza.mk_

Овој текст не е за блузата, ниту за мојата несигурност или мојата дрскост. Всушност, станува збор за крајно сериозна долгогодишна врска која е прекината поради најобичен кроп топ. Моето момче и јас заедно живеевме околу година дена и сè функционираше совршено сè додека една вечер…

Кроп топот го купив околу месец дена пред излегувањето, односно ноќта кога раскинавме. Тој долго стоеше во гардероберот и јас тотално заборавив на него. Кога започнав да се средувам за излегување со моите другарки, се „фрлив“ на пребарување во мојот гардеробер каде што случајно го пронајдов и се изненадив. Ова беше идеална, топла вечер за покажување на стомакот!

Во клубот не доаѓаше моето момче, бидејќи беше болен, па реши да остане дома. Тој е хронично болен, поради што секоја втора вечер останувам дома со него. Ми се чинеше дека таа вечер ми требаше издишување, бидејќи се исцрпев од константната поддршка и труд. Пред излегувањето го бакнав и се поздравив со него. После тоа се најдов со другарките. Се чувствував секси и слободно. Прв пат после долго време се почувствував младо и енергично. Со моите другарки си поминавме одлично и танцувавме цела вечер.

Се вратив дома со „пијан“ јазик, кој во оваа состојба можеше да ја зборува само вистината. Моето момче веднаш ме праша како си поминав, а јас одговорив дека тоа беше прекрасна вечер, каде што тотално се опуштив и не се грижев за ништо. Штом му го кажав ова, во мојата глава се јавија илјада мисли. Тоа се оние глупави мисли кои го окупираат мозокот, а јас не ги одобрувам и знам дека се чиста глупост. Толку време се обидував да бидам добра девојка, која одлично разбира и сочувствува, и секако – потенцијален животен партнер, што го игнорирав мојот внатрешен глас на разумот.

Нема сега да ви ги откривам сите детали зошто тој раскина со мене. Иако тој кажа дека никогаш нема да се чувствува така и дека нашата љубов е посебна, работите оваа вечер беа тотално поразлични…

Ако во некој случај не почувствувате дека ги задоволувате сите критериуми на „добра девојка“, обрнете внимание на овие три работи кои треба да ги разгледате пред да одлучите да облечете кроп топ (или друга секси облека) и да го оставете момчето дома.

2-ispovedta-na-edna-ostavena-devojka-koga-momcheto-kje-go-zabrani-seksi-oblekuvanjeto-www.kafepauza.mk_

1. Додека не се омажите, вие сте сингл

Откако мојата најдобра другарка се омажи, ова е нејзиниот најдобар совет. Тогаш звучеше прилично грубо, а сега гледам дека беше во право. Вистина е дека сè додека не сте во брак, секоја жртва што ќе ја направите во врската е всушност вашата добра волја.

Дали би позајмиле поголема сума пари, знаејќи дека во иднина постои можност да не ги добиете назад? Третирајте ги своето време и енергија како пари во врската, бидејќи можеби нема да ги добиете назад.

2. Задржете ја својата независност

Во денешно време жените стануваат сè понезависни, т.е. се очекува секоја дама да го има она што ѝ е потребно. Станува непријатно да го прашате партнерот за некоја услуга, бидејќи се претпоставува дека вие веќе го имате тоа. Затоа е важно секоја девојка да остане независна или да има друг резервен план или решение. Особено во ситуациите кога ќе тргне на лошо, треба да има каде да се сокриете, заштитите и да се чувствувате сигурно. Но, тоа не значи дека треба да се потпирате на пријателите и семејството. Работете на себе и станете јака, сигурна и независна дама.

3. „Не“ може да биде добар одговор

Секој кој погледнал барем една епизода од емисијата „Поправи го мојот живот“ ја знае оваа реченица: „Може да го бараш она што го сакаш“. И тоа го разбираме! Но, никој после тоа нема кажано: „Одговорот може да биде негативен“.

После носењето на топ блузата, се прашував што сакам во врската. А кога тој раскина со мене, ми кажа јасно „не“, што понатаму ме донесе до разбирање на моите желби и потреби. „Не“ некогаш може да биде добро.

Оваа исповед не е напишана со цел да ве натера да носите кроп топ. Овој текст не е напишан за да раскинете со вашето момче. Тој треба да ве натера да се запрашате кои сте и што сакате.

Сакав да го покажам стомакот како Габи Фреш. Сакав да се фокусирам на пишувањето и да станам уметник. Сакав да раскинам со некого кој не беше лоша личност, туку личност која не беше за мене. Го добив она што го сакав.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар