Како одново да ја откриете вашата самодоверба и да станете најдобрата верзија од себе?

Кога последен пат сте се почувствувале дека не сте онаму каде што сте мислеле дека ќе бидете во тој момент? Можеби идеалниот живот кој сте го замислиле не се остварува толку брзо колку што сте очекувале или пак, тргнал во спротивна насока. Без разлика на ситуацијата, овие мисли на двоумење можат да предизвикаат да го изгубите видикот кон она што е добро во вас. Токму затоа погледнете кој е најдобриот начин да ја подобрите вашата самодоверба и да станете најдобрата верзија од оние кои сте…

Како одново да ја откриете вашата самодоверба и да станете најдобрата верзија од себе?

Откријте ги вашите вредности и како ги интерпретирате

Вашите вредности се основа на вашите верувања, тие влијаат врз вашите мисли како и врз акциите кои ги преземате. Доколку ги разберете целосно, вие лесно можете да откриете кои сте, а со тоа и да ја подобрите вашата самодоверба. Вредностите не се менуваат често, но тие еволуираат со текот на времето, под влијание на она кое ќе го учите за светот и луѓето кои ќе ги запознавате.

Доколку не ги разбирате вашите базични сфаќања, вие лесно можете да бидете со личност која не ви одговара, без притоа да знаете зошто нештата не ви успеваат. Тоа може да доведе до чувство дека не сте доволно добри, додека реалноста е дека вие едноставно не сте компатибилни. Без разлика дали станува збор за религија, пари, интегритет, социјална одговорност, љубов, фамилија или иновација, доколку ги знаете вашите вредности вие подобро ќе разберете зошто го сакате тоа кое го сакате, зошто се согласувате со одредени луѓе, а не и со други и што ве прави среќни. Како резултат, ќе бидете способни да ги идентификувате луѓето и нештата кои ви одговараат според вашите вредности и потоа подобро да го изградите вашиот живот.

Разберете се самите себеси и откријте која е вашата цел

Да знаете кои сте навистина е исто толку важно како и разбирањето на вашите вредности. Тоа значи дека треба бидете искрени при откривањето што сакате кај себе и кои се оние делови од вас на кои треба малку да поработите. Тоа исто така ви помага и да разберете како ве доживуваат оние кои ви се најважни и како гледаат на вашиот потенцијал. Многу е важно да ја детерминирате вашата цел. Секоја индивидуа има своја цел, но најдобриот дел е тоа што вие самите можете да одлучите која ќе биде таа. Со нејзина помош вие го дефинирате значењето на вашето постоење, како за вас и вашите најблиски, така и за целиот свет.

Кога ќе дојдат тешки времиња, лесно е да се заборави која е вашата цел, па токму затоа и почнувате да се чувствувате бесцелно. Вистината е дека вредите повеќе одошто верувате и дека сте способни да правите сè што ќе посакате. Можеби на вашиот пат ќе налетаат стотици пречки, но тие се микроскопски во однос на вашето место во овој свет. Колку побрзо го сфатите тоа, толку полесно ќе ги надминувате овие животни предизвици.

Дефинирајте ја и предефинирајте ја вашата идеја за успех

Исто како вашите вредности и цели во животот, идејата за успех варира од човек до човек, но е цврсто поставена на темелите на вашите вредности. Интересното нешто кај успехот е тоа што вашата визија може и сигурно ќе се менува. Како што светот околу вас се менува, така и вие самите ќе се менувате. Полека, чекор по чекор.  Животот ќе ве натера да се адаптирате, па токму затоа и нема ништо лошо при модификувањето на вашата визија за успех. Вие треба да научите дека потребно е време за да го добиете она кое го сакате и дека сосема е во ред доколку вашата визија еволуира.

Преземете акција и не престанувајте да се движите напред

Доколку сакате да постигнете нешто во вашиот живот, вие мора да почнете со само еден чекор. По него, направете и втор, и трет… И движете се сè додека не пристигнете на вашата дестинација. Ако ги знаете вашите вредности и како ги интерпретирате, напишете ги и потоа разговарајте за нив. Доколку има нешто или некој кои се токсични за вашите вредности, најдете начин како полека да се оддалечите од тие отрови. Имајте на ум дека доколку останете во ваква средина, тие само ќе ве влечат надолу. Потсетувајте се секој ден на сите оние нешта кои ги сакате кај себе и секогаш наоѓајте простор каде да ги покажете овие делови од вас кои сјаат. Од друга страна пак, кога размислувате за карактеристиките кои не ви се допаѓаат многу, прифатете го фактот дека и тие се скриени квалитети кои допрва треба да научите како да ги искористите во ваша корист.

Градењето на вашата самодоверба и разбирањето на оние кои вистински сте не е лесна задача бидејќи таа бара дисциплина и време. Здобивањето здрава количина самодоверба е процес кој вклучува промени и кој не секогаш е лесен за имплементација и прифаќање. Токму затоа и луѓето се плашат од тоа. Но, доколку тоа е нешто кое навистина го сакате, токму овие нешта за проширување на вашата свесност ќе ви помогнат да ја постигнете најдобрата верзија од себе. И ако тоа не е доволно, не заборавајте дека најдобрите нешта се секогаш вредни за борење. Па, зошто да не би се бореле за личноста која најмногу вреди? За вас?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар