Интернетот не може да престане да се смее на реакцијата на оваа мечка на пар што се венча во зоолошка

Интернетот не може да престане да се смее на реакцијата на оваа мечка на пар што се венча во зоолошка

Сте чуле ли досега за венчавка во зоолошка градина? Најверојатно вашиот одговор е негативен, проследен со зачуден израз на вашето лице. Истото се случило и со оваа мечка, на којашто едноставно не ѝ се верувало што гледа пред неа.

Фотографиите, направени од фотографите Крис и Кристи, оттогаш го прошетаа целиот свет и ги насмееја сите што ги видоа. Интернетот едноставно не може да се изнасмее на фацката на мечката, што изгледа навистина збунето од ситуацијата што се одвива пред неа.

„Фотографиите беа идеја на самите фотографи“, објаснува младоженецот. „Тие рекоа дека сме многу среќни што некое од животните воопшто забележало што се случува, бидејќи за време на ручекот тие не се заинтересирани за ништо друго освен за храната. Оваа руска гризли мечка беше доволно фина да ни го даде својот ‘благослов’.“

Можеби ова ќе започне нов тренд за организирање свадби во зоолошки градини? И додека сте тука, погледнете ги и следниве урнебесни фотографии каде што животните нашле начин како да уништат „совршени“ моменти.

Погледнете ги и овие 23 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар