Како да разликувате вистинска од лажна насмевка?

Насмевката е визуелна експресија на позитивни емоционални состојби, како радост, среќа, олеснување… Во некои ситуации може да биде предизвикана и од спротивни емоционални состојби, како срам или збунетост.

Насмевката се доживува како знак за припадност на некоја група – таа сигнализира прифаќање и позитивна интеракција со другите. Насмевката понекогаш е и заразна, па може да предизвика смеа до сите што ќе допре и да предизвика бран од позитивна енергија. Но, како да знаете дали нечија насмевка е искрена или пак, личноста сака да ви претстави сосема спротивна состојба?

Доволно е да обрнете внимание на само една ситница на лицето, нешто што се забележува за околу 3 секунди. Имено, кај личноста што искрено се смее, се појавуваат брчки околу усните, но и околу очите. Кога насмевката е лажна, брчките се појавуваат само околу усните. Со други зборови, кога некој искрено се смее, тој се смее и со очите.

Од друга страна пак, кога некој е преплавен со силни, искрени емоции, очите му се навлажнуваат и почнува да голта почесто. Ако и овие нешта изостануваат, тоа значи дека емоции и насмевката не се искрени. Добро е да се знае ова, се согласувате?

Дознајте и што открива за вас вашата насмевка.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар