Инспиративни цитати што ќе ви помогнат да го прифатите вашето минато

Понекогаш минатото е преполно со сеќавања кои не се воопшто пријатни. Емоционалниот товар од минатото може да се провлече во сегашноста на толку многу различни начини. На пример, вашите претходни љубовни врски сигурно ви служат како основа за сегашните. Ако претходно сте имале лошо искуство, веројатно сега имате малку погрешна слика за љубовта.

Инспиративни цитати што ќе ви помогнат да го прифатите вашето минато

Многу луѓе ги поминуваат ноќите мислејќи на грешките и неуспесите од минатото. Размислуваат што можеле да направат поинаку и посакуваат да го вратат времето назад. Чудно е тоа колку силна може да биде нашата врска со минатото. Вистината е дека не можете да го промените минатото, но можете да ја подобрите иднината. Вашите падови не ве дефинираат. Оставете сѐ зад себе и продолжете понатаму. Следниве инспиративни цитати ќе ви помогнат да го направите тоа…

Сѐ ќе биде во ред

„Без оглед на вашите мани и недостатоци, вие сте прекрасни и постојат луѓе кои ве сакаат.“

Секогаш сакајте се себеси

„Не е себично да се сакате себеси, да сте свесни за сопствената вредност и гордо да ја покажувате вашата убавина.“

Вие вредите

„Мора да верувате дека заслужувате љубов, пофалби, жртви и нежност. И покрај тоа што сите имаме недостатоци, заслужувате прошка и сочувство.“

Научете да го слушате вашиот внатрешен глас

„Без разлика во која фаза од љубовта се наоѓате, внимателно слушајте го вашиот внатрешен глас, оној кој е мудар, добар и храбар. Потоа кажете им да замолчат на сите оние внатрешни критичари кои не престануваат да дрдорат во вашата глава.“

Научете да се ослободите себеси

„Ќе можете да ја победите негативноста и осудувањата само ако се ослободите себеси.“

Првиот чекор е прифаќањето

„Немојте да ги потиснувате работите. Прифатете ги. Не сте ни свесни колку прекрасно чувство е тоа.“

Заслужувате љубов

„Заслужувате голема љубов. Можете да дадете голема љубов.“

Има место за вас на овој свет

„Во овој свет има место за многу убавини, успеси, љубов и храбри одлуки.“

Животот е краток

„Животот е премногу краток. Полесно е да се каже отколку да се направи, но прифаќањето на сопствените недостатоци е исто толку важно колку и прифаќањето на недостатоците на вашиот партнер.“

Можете да доживеете среќа многу полесно одошто мислите

„Клучот на магнетната привлечност е да се чувствувате пријатно во своја кожа. Ќе можете да дадете сѐ од себе во секоја љубовна врска ако сте самоуверени и ако му дозволите на вашиот вантрешен сјај да блесне на површината.“

Сочувствувањето е многу важно

„Ќе можете целосно да го прифатите партнерот ако го љубите без да го осудувате. Заменете ги осудувањата со сочувство и емпатија.“

Целосно сакајте се себеси

„Сакајте се себеси целосно, со сите ваши несигурности, мани и недостатоци.“

Дозволете си да ја прифатите љубовта што ја заслужувате

„Ако дадете љубов во прекумерни количини, ќе добиете љубов во прекумерни количини.“

Никој не е совршен

„Оние кои се свесни за себе добиваат љубов поради тоа што луѓето ги прифаќаат онакви какви што се во суштина, вклучувајќи ги и страшните и засрамувачките страни на нивната личност.“

Во продолжение прочитајте ги и овие бесценети цитати за животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар