Би живееле во овој мал замок?

Ако некогаш сте сонувале да живеете во замок, сега е вашата шанса! Ова скромно место, познато како Ложата на Моли (Molly’s Lodge) во моментов е на продажба, а се наоѓа во близина на селото Лонг Комптон во Ворвикшир, Англија. Ретко се случува некој замок да е во продажба, а за животот во овој нема да ви бидат потребни куќни помошници, ниту пак градинари, за да постигнете со одржувањето. Ложата на Моли повеќе изгледа како куќа што случајно била изградена во форма на замок.

(1) Би живееле во овој мал замок?

Градбата била дизајнирана и конструирана во 1830-тите години од страна на Едвард Блор, познат британски архитект. И покрај тоа што изгледа скромно во внатрешноста, надворешниот дел изобилува со зеленило и цвеќиња што можат да ги смират дури и највознемирените души. Со цена од околу 690.000 долари, овој дом е отворен за сите што сакаат да живеат како принцови или принцези! Погледнете како изгледа овој замок…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар