Инспиративна приказна на една жена која тврди дека и во менопауза можат да се имаат стомачни

Инспиративна приказна на една жена која тврди дека и во менопауза можат да се имаат стомачни

Секој сака да биде здрав и да има здраво тело. Проблемот со тежината е најчеста појава во денешницата, а за дебелината велат дека е болест на 21-от век. Оваа животна приказна на жената која чекала долго време за да го доведе телото во форма може да ви послужи како инспирација и доказ дека сè е возможно и дека никогаш не е доцна за промена!

Натали одлучила дека сака да биде здрава. Од исхраната го исфрлила сето она што ѝ штети, а почнала и со вежбање. Еве како го постигнала нејзиниот сјаен изглед на 47 години.

Кога наполнила триесет и нешто години, Натали Џил се развела од нејзиниот сопруг, ги спакувала работите и со нејзиното бебе започнале нов живот. Била осамена и со прекумерна тежина. Бидејќи по професија била нутриционист, знаела дека мора нешто да промени за да биде поздрава. Започнала да јаде повеќе природни намирници, а дневно вежбала по 15 минути.

„Се чувствував премногу стара, премногу скршена, премногу дебела и депресивна за да правам што било. Моите бедра се триеја кога се движев, вратот ми беше дебел, а хормоните во тотален хаос. Постојано бев мрзоволна и гладна“, искрено објаснува Натали.

Кога почнала да вежба нејзиното тело почнало да се менува. Значајно изгубила тежина. Кога на себе ја видела промената дала отказ од работа и им се посветила на тренинзите. Со текот на времето успеала да го обликува своето тело доведувајќи го до совршенство.

Со 39 години станала фитнес модел и неколку пати се појавила на насловни страни на списанија посветени на здравјето. Сега Натали има 47 години и нејзиното здравје го достигнало својот врв. Таа на сите им порачува дека никогаш не е доцна за вежбање и дека е можно секоја жена обратно да старее, односно да го врати саатот назад.

Без оглед дали имате 45, 55 или 65 години, можете да се чувствувате фантастично, само ако преземете нешто во врска со вашето здравје. Секоја жена кога ќе влезе во менопауза се соочува со мастите кои се таложат во пределот на стомакот и бутовите. Метаболизмот станува спор, се чувствува тромаво и старо. Меѓутоа, може да се направи пресврт.

Натали смета дека основно правило е да се промени мислењето, односно да престанете да размислувате за храната како уживање. Немојте да живеете за да јадете, туку јадете за да живеете. Вистинската храна ќе ви помогне да направите пресврт во процесот на стареењето. Нејзиниот совет е во текот на 10 дена да се придржувате на следниве правила:

Престанете да барате утеха во храната

Доволно сте возрасни за да знаете што е здраво, а што не. Имајќи го тоа на ум, од исхраната исфрлете ги слатките и брзата храна. Јадете здрави и свежи намирници. Направете си сами ручек и уживајте во храната. Но, јадете одбрана храна и по малку.

Јадете протеини

Тие се многу здрави за вашите мускули и за одржување на метаболизмот. Задолжително јадете месо, риба и јајца. Сите три оброка нека содржат протеини. Водете сметка големината на месото да не биде поголема од вашата дланка.

Маснотиите се потребни за да живееме

Не заборавајте да јадете маслиново масло, авокадо или семки кои содржат маснотии како и јаткасти плодови.

Зеленчукот со скроб нека ви биде секогаш на мени

Подгответе морков и цвекло, ставете малку маслиново масло, сол и ќе добиете здрава салата која го чува вашиот струк. Тајната е во воздржувањето. Малку јадете, а се чувствувате многу подобро.

Свежото овошје и зеленчукот се вашата сигурна карта

Искористете го летото. Јадете колку што е можно повеќе овошје и свеж зеленчук. Тие производи се полни со влакна и се многу здрави. Само така ќе ја постигнете идеалната тежина.

Исфрлете го шеќерот

Шеќерот и менопаузата не одат рака под рака. Ако сакате да се чувствувате добро за време на менопаузата престанете да јадете слатки. Единствен извор на шеќер нека ви биде овошјето.

Пијте вода

Пред секој оброк испијте чаша вода. Кога ќе се почувствувате гладни неочекувано, повторно напијте се чаша вода и почекајте малку, па дури потоа јадете. Само така ќе ја контролирате тежината.

Вежбајте

Ако досега не сте вежбале, сега е време да почнете. Пешачете, шетајте, одете, трчајте. Секој ден движете се повеќе и повеќе. Вежбањето во менопаузата ќе го намали ризикот од деменција, ќе го подобри памтењето и ќе помогне во борбата против Алцхајмеровата болест. Вежбањето го подобрува сонот, го намалува уморот и анксиозноста, ја зголемува самодовербата и ги намалува „топлите бранови“.

Предлог вежби:

Советот на Натали е да вежбате што повеќе. Меѓутоа покрај секојдневната активност, пешачете до пазар, намалете го користењето на автомобил или автобус, а повеќе движете се и додајте стомачни, клекнувања и планк на вашата дневна рутина.

Доволни се само 10 минути дневно за да имате совршена линија дури и во менопауза!

Прочитајте и како да го спречите дебелеењето за време на менопаузата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар