Хуманоста на Мајка Тереза: Вистинската глад во светот не владее помеѓу сиромашните

Која е дефиницијата за зборот сиромаштија? Дали станува збор само за недостаток на материјални вредности, или, пак, недостаток на нешто многу повредно и посуштинско? Вистински сиромашните се оние кои се духовно сиромашни, во срцето. Тие најмногу патат. Оние кои се материјално сиромашни не патат толку. Според едно истражување, 90% од самоубиствата не се извршени од страна на сиромашните, туку од страна на богатите кои имаат сѐ, но се толку фрустрирани што не можат да се соочат со животот.

Хуманоста на Мајка Тереза: Вистинската глад во светот не владее помеѓу сиромашните

Вистина е дека на нашите тела им треба храна, но и на нашиот ум и душа исто така им е потребна соодветна храна. Знаењето добиено од книгите и образованието ќе го нахрани нашиот ум и тоа не треба да го спречуваме. Но, зошто упорно ја изгладнуваме нашата душа?

Прочитајте ги следниве зборови на Мајка Тереза, најголемата хуманитарка, која целиот нејзин живот го посветила да им помогне на сиромашните, и целосно ќе го промените вашето мислење…

„Вистинската глад во светот не владее помеѓу сиромашните, туку помеѓу богатите. Секој може да даде парче леб на гладен човек и да му го наполни стомакот. Но, луѓето на овој свет се осамени, незадоволни, нивните животи се празни, а срцата им гладуваат. Богатите луѓе честопати се во полоша ситуација од сиромашните во смисла на духовност, самотија и глад во срцето. За да ги нахраниме, мораме да им дадеме љубов. Моментално, тоа е најголемата потреба во светот.“

Точно е тоа дека на сиромашните треба да им се даде храна, облека и засолниште, но ним им треба и чувство на достоинство, значење и смисла. Им треба среќа, задоволство и љубов, а тоа се стекнува преку психичкиот и духовниот напредок. Кои луѓе вистински и искрено се обидуваат да им помогнат на сиромашните? Оние кои се сакаат себеси, го сакаат светот и сите живи суштество како да се нивни браќа и сестри. Тие можат да им ја дадат на луѓето помошта којашто вистински им треба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар