Џесика Алба открива зошто решила да оди на психолог со својата 10-годишна ќерка

Актерката Џесика Алба вели дека нејзиното родителство многу се разликува од начинот на кој таа била воспитувана. Токму затоа и оди на терапија со своето првородено дете, 10-годишната ќерка Онор Ворен. Таа се одлучила на овој чекор со цел да научи да биде подобра мајка и подобро да комуницира со ќерка си.

„Некои луѓе, меѓу кои и моето семејство, сметаат дека ако треба да разговараш со некого, тоа треба да биде свештеник. И тоа е тоа. Но јас не се чувствувам опуштено да зборувам со него за своите емоции“, вели таа. „Не сум порасната во семејство каде што може да се зборува за овие нешта. Едноставно би го заборавиле тоа што се случило и би продолжиле понатаму. Затоа и сум инспирирана да разговарам отворено со моите деца.“

Познатата мајка на тројца и нејзиниот долгогодишен сопруг Кеш Ворен сакаат да остварат добра комуникација со своите девојчиња кои набрзо ќе станат тинејџерки.

„Нештата не доаѓаат лесно во животот и треба да работите на сè што вреди да го имате. Јас никогаш не бев природно добра во ништо, па затоа и постојано вложувам многу труд за да го постигнам тоа што го сакам. И мислам дека тоа е добра животна лекција за моите деца“, дополнува таа.

Погледнете ги и овие 10 модни комбинации на Џесика Алба кои сите сме посакале да ги облечеме барем еднаш.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар