Хороскопскиот знак што е изгубен во своите мечти, но кој длабоко љуби!

Хороскопскиот знак што е изгубен во своите мечти, но кој длабоко љуби!

Никој не може да го улови сонот подобро од овој знак. Сонувањето невозможни соништа за него доаѓа многу природно и тој постојано е изгубен со мислите. Но, разлика од другите знаци, овој знак знае и точно како да го оствари своите соништа. Тој знае како да ја привлече публиката со своите позитивни вибрации и како да направи нешто едноставно да звучи спектакуларно.

Зборуваме за СТРЕЛЕЦОТ!

Стрелецот има големи соништа. Јупитер, најголемата планета во Сончевиот систем е неговиот најдобар планетарен пријател. Едноставно не постои нешто што може да ги сопре неговите мечти. Стрелецот е оној што може да го набљудува хоризонтот и да види можност во апсолутно сè. Без оглед на тоа колку е темна ситуацијата, тој може во секој момент да ја подобри.

Останатите знаци ги гледаат идеите на Стрелецот како апсурдни и недостижни, но тоа не го спречува да ги сонува. Тој не се грижи за тоа што другите го мислат. Кога нешто ќе го инспирира, едноставно му се препушта на тоа со целиот ум, тело и дух. Визијата го буди духот на Стрелецот, го инспирира и го храни.

Тоа што вреди да се спомене е дека Стрелецот воопшто не е заинтересиран за крајниот резултат. Постигнувањето на целите не му се најважното нешто во животот, баш напротив, тој повеќе ужива во авантурата низ која минува за да стигне до нив. Спонтаноста му е во коските и постојано ги менува плановите. Ништо не го воодушевува Стрелецот како непознатото.

Многумина кажуваат дека Стрелецот најмногу сака патувања, но постојат доста родени во овој знак што се спротивставуваат на тоа. Она што најмногу ги возбудува е набљудувањето на светот околу себе. Целиот свет е негово игралиште, исполнет не само со места, туку и со луѓе и со идеи. Затоа и кога работите ќе станат досадни, Стрелецот веднаш си заминува. Тој мрази рутини.

Слободата е тоа што му е навистина потребно и не смее да се чувствува како да е заробен во кафез. Тој е истражувач во срцето и потребен му е многу простор со цел да дише и да лута низ светот. Слободата е тоа што му е потребно и да продолжи да се движи напред. Мора да има доволно простор за авантуристот во него да излезе на површина.

Кога станува збор за односите, тој е навистина комплициран знак, особено кога бара сериозна врска. Вистина е дека обврзувањето може да биде прилично тешко за Стрелецот, но тоа не значи дека не е способен да го направи. Доколку му овозможите доволно простор да дише и да биде свој, тој веднаш ќе ви го подари своето срце и ќе ве љуби бескрајно!

Стрелецот е и најголемиот визионер меѓу хороскопските знаци: Од ништо знае да направи нешто спектакуларно!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар