Душко Радовиќ: Најубавите изреки за љубовта!

Душан „Душко“ Радовиќ (1922-1984) бил поет, писател, новинар, афористичар и ТВ уредник. За тоа колку се познати неговите афоризми покажува фактот дека и до ден-денес ги читаме, одново и одново. Овој пат сакаме да ве потсетиме на најубавите изреки кој ги кажал Душко Радовиќ за најубавото чувство на светот – за љубовта!

1-dushko-radovikj-najubavite-izreki-za-ljubovta-www.kafepauza.mk_

„Дали е љубовта болест? Да, но непренослива. Може некого да љубите и љубите, но никогаш нема да го заразите со љубов.“

„Многу жени би можеле многу и убаво да сакаат, но немаат кого. Сите се преправаат дека се веќе сакани, срам им е да признаат дека не се.“

„Будни се оние кои сакаат, спијат оние коишто се сакани.“

„Вчера некој најде нешто што не го бараше. Она што тој го бараше го пронајде некој друг.“

„Маж е име за оној кој некогаш ве сакал. Жена е име за онаа која сакала некој друг, а се омажила за вас.“

2-dushko-radovikj-najubavite-izreki-za-ljubovta-www.kafepauza.mk_

„Ако можете, немојте да ги сакате оние кои не ве сакаат вас. Ако не го можете тоа, сакајте ги само малку. Ако не го можете ни тоа, сакајте ги многу, но кратко.“

„Некој ја изневерил онаа што ја сака со онаа со која живее.“

„Лесно е да ги сакате оние кои не ве сакаат вас. Обидете се барем еднаш да ги сакате оние кои ве сакаат вас.“

„Немојте никого да сакате толку многу за тој да не ве сака поради тоа.“

„Кој бил сакан, заборавил. Спомени имаат само оние кои сакале.“

„Сакајте се кога не сте заедно. Тоа е вистинска љубов. Кој умее да се сака само кога е заедно, тој не прави разлика со кого е.“

„Утрово еден младич го загуби паметот во трамвајот. Ја замолуваме малата, пегава русокоса да му го врати. Потоа може и заедно да го употребуваат.“

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар