Скандинавски трендови за уредување на ентериерот во кои веднаш ќе се заљубите

Скандинавија, покрај тоа што се наоѓа на самиот север од Европа, e една од најуспешните и најбогати европски области, која сè повеќе ги диктира трендовите. Па така, и трендовите за уредување на ентериерот кои доаѓаат од Скандинавија за кратко време станаа неверојатно популарни, а ние денес ви ги претставуваме оние во кои веднаш ќе се заљубите.

1-skandinavski-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-vo-koi-vednash-kje-se-zaljubite-www.kafepauza.mk_

1. Дрвени столици на расклопување

Мораме да ви признаеме дека сме опседнати со овие дрвени столици на расклопување, кои во својот дом ги вметна дизајнерката Лота Агатон. Покрај тоа што изгледаат многу рустично, овие столици може да бидат многу удобни ако ги надополните со мали, слатки перничиња.

2-skandinavski-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-vo-koi-vednash-kje-se-zaljubite-www.kafepauza.mk_

2. Нежен допир на сина боја

Омилена боја на сите Скандинавци? Дефинитивно сината, бидејќи совршено се вклопува во сите ентериери. Токму тоа може да се види во ентериерот на еден дом во Копенхаген, кој претставува совршен спој на бели, црни, кафеави и сини тонови.

3-skandinavski-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-vo-koi-vednash-kje-se-zaljubite-www.kafepauza.mk_

3. Пердуви

Пердувите се детаљ со кој жителите на Шведска станаа потполно опседнати, а ова е само еден од начините на кој можете да го воведете овој нежен елемент во вашиот ентериер.

4-skandinavski-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-vo-koi-vednash-kje-se-zaljubite-www.kafepauza.mk_

4. Графички календари

Заборавете на малите календари кои стојат на вашите маси и заменете ги со големи ѕидни графички календари. Токму овој тренд на уредување на ентериерот ни доаѓа од Скандинавија, па не пропуштајте да воведете еден ваков календар во вашиот дом.

5-skandinavski-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-vo-koi-vednash-kje-se-zaljubite-www.kafepauza.mk_

5. Големи хартиени лустери

Иако многумина ќе кажат дека големите хартиени лустери не можат да изгледаат убаво кога ќе се воведат во ентериерот, овој детаљ и тоа како може да изгледа ефективно, ако се избере вистинскиот модел. Токму овие лустери станаа неизоставен дел од северниот стил на уредување на просторот, а доколку имате услови, слободно внесете ги и вие.

6-skandinavski-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-vo-koi-vednash-kje-se-zaljubite-www.kafepauza.mk_

6. Монохроматски уметнички дела

Доколку сакате во вашиот ентериер да внесете уметност, а сè да биде во склад со скандинавскиот стил, тогаш изберете монохроматски дела, кои совршено ќе се вклопат во вашиот ентериер и притоа ќе му дадат посебен печат.

7-skandinavski-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-vo-koi-vednash-kje-se-zaljubite-www.kafepauza.mk_

7. Црно-бели пруги

Пругите на големо се враќаат меѓу трендовите во внатрешното уредување, и тоа оние црно-белите. Меѓутоа, не претерувајте со нив, туку воведете ги на деталите кои го потполнуваат вашиот ентериер, како што се на пример перниците.

8-skandinavski-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-vo-koi-vednash-kje-se-zaljubite-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Marija Reply

    Inspirativna energija koja ima mok od fotografijata da dopre do nas.

Остави коментар