Дали знаете зошто луѓето се плашат од тишината?

Дали знаете зошто луѓето се плашат од тишината?

Влегувате во автомобилот и го вклучувате радиото. Кога ќе стигнете дома, го вклучувате телевизорот. Музиката свири на вашиот телефон додека се туширате или миете садови. Дали сте дел од луѓето на овој свет кои се преплашени од тишината и кои ја доживуваат како нешто неприродно, вознемирувачко, па дури и опасно?

Дали знаете зошто луѓето се плашат од тишината?

Запрашајте се кога последен пат сте седеле во целосна тишина, без некаков звук да ви пречи во мислите. За повеќето луѓе, ова е практично невозможно да се постигне и да се одржи бидејќи сме опкружени со звуци врз кои немаме контрола.

Некои не толерираат тишина затоа што тогаш се чувствуваат осамено, додека кај други, недостатокот на звуци предизвикува лавина од вознемирувачки мисли. Полесно им е да вклучат радио или телевизија и со тоа да ги свртат мислите кон нешто друго, отколку да се соочат со сопствените стравови, сомнежи, празнина, осаменост, гнев.

Некои луѓе се чувствуваат непријатно кога сè околу нив е тивко, не затоа што имаат проблем да се соочат со себе, туку затоа што се навикнати на постојани разновидни звуци уште од раѓање. Имено, навикнати сме нешто постојано да ни го одвлекува вниманието и постојано да бидеме преокупирани со некои надворешни стимули.

Сепак, колку и да изгледа невообичаено и непријатно, тишината е добра за секого. Тоа е можност да се „сретнете“со вашите сопствени мисли, со вашето внатрешно јас. Молчењето и тишината ни даваат можност да бидеме во контакт со самите себе, да размислуваме во мир за важни работи во животот за да добиеме подобра слика какви одлуки треба да донесеме.

Самосвеста, личниот развој и медитацијата се нешта на кои секој треба да работи. Само вие можете да ја пополните празнината што ја чувствувате, ниту радиото ниту телевизијата нема да го сторат тоа за вас. Само вие можете да го изградите патот до вашите соништа и цели.

Тишината ги смирува и ги поправа мозочните клетки

Иако многу постојани звуци не ги слушате затоа што сте навикнати на нив, тие негативно влијаат на вашите мозочни клетки кои всушност никогаш не можат да се одморат од тие дразби. Научниците велат дека седењето во тишина има корисен ефект врз луѓето и ја поправа штетата направена од премногу звуци.

Кога владее тишина, мозокот се смирува, а потоа се чувствувате мирни и спокојни. Тишината има голем ефект врз мозокот, ги поправа неговите клетки и го подмладува. Процесот на поправка на оштетувањето на клетките започнува по два часа поминати во тишина.

Со седењето во тишина, станувате посвесни за вашата околина и успевате да слушнете звуци што претходно не сте имале можност да ги слушнете, на пример, бучавата од ветрот, пеењето на птиците, шушкањето на лисјата, крцкањето на гранките итн. Тишината не го подобрува само слухот, туку и сите други сетила.

Во тишина, мозокот има можност да се фокусира на нешто без многу напор и расеаност. На тој начин, фокусирањето е нешто го правите во тишина несвесно и му дозволувате на вашиот ум да талка од една во друга мисла.

Прочитајте зошто тишината може да биде корисна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар