Дали треба да ја дезинфицирате вашата пошта?

Сè уште многу работи не се познати во врска со ширењето на корона вирусот, но еве што треба да знаете за вашите пратки.

Дали треба да ја дезинфицирате вашата пошта?

Проверка на поштата

Секој од нас секојдневно го проверува поштенското сандаче. Сметките за струја, вода и телефон може да ви стигнуваат и електронски. Сепак, добивате и друг вид на пошта, но дали и колку се чисти пакетите и пликовите воопшто?

Колку е чиста вашата пратка?

Вооружени сте со средства за дезинфекција на рацете, влажни марамчиња, сапун и топла вода, но сепак треба многу време и напор да се исчисти и дезинфицира сè што е во ваша близина. Центрите за контрола и превенција на болести даваат многу информации и совети, вклучувајќи го и упатството за тоа кога и како да се мијат рацете. Поради тоа што сè уште има многу непознати варијабли во врска со коронавирусот, именуван COVID – 19, овие центри сепак можат да ги користат претходните вируси како референца и водич.

Според информациите кои се дадени, изгледа дека веројатноста вирусот да се шири преку пакетите испратени по пошта е многу мала. Во принцип, поради краткото време на преживување на вирусот на површините, постои многу низок ризик од негово ширење преку производи или пакети кои се испорачуваат во период од неколку денови или недели на дневна температура. Сепак, најдобро е да ги миете рацете веднаш откако ќе примите пратка.

Доколку сте загрижени за COVID – 19, немојте, вашата пратка најверојатно нема да е опасна во моментот кога ќе стигне до вашиот праг. Корона вирусот генерално се смета дека се шири преку респираторните капки. Во моментов, нема информација дека пренесувањето на вирусот е поврзано со увезена стока и не се регистрирани случаи на COVID – 19 поврзани со добиена пратка.

Додека „мотото“ на поштенските доставувачи е „И да врне и да вее поштар пошта носи“, ова можеби не се однесува на овој лесно пренослив вирус. Работниците кои ја извршуваат доставата можат да добијат коронавирус. Но, дали вирусот може да се пренесе од поштенскиот работник до вашиот пакет, а потоа и до вас? Според д-р Даршан Шах доколку доставувачите го имаат вирусот и пренесе капки на пакетот, теоретски е можно да се добие вирусот бидејќи тој може да живее на површини и до 9 дена.

Чистење на вашето поштенско сандаче

Вашето сандаче за електронска пошта не е единственото сандаче што треба да се исчисти. Вашето физичко сандаче исто така треба да се исчисти. Се препорачува мешање на неколку капки средство за миење садови со топла вода и чистење на поштенското сандаче и од внатрешната и од надоворешната страна за да се отстрани нечистотијата. Откако ќе се исчисти, дезинфицирајте ја површината со соодветен спреј за дезинфекција.

Можеби сакате да до дознаете и овој одличен трик за дезинфекција на вашиот душек.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар