Дали музиката може да ни помогне да заспиеме?

Дали музиката може да ни помогне да заспиеме?

Сите знаеме дека квалитетниот сон е од голема важност за секој сегмент од нашиот живот. Нарушувањата на сонот можат да доведат до премореност, анксиозност, депресија и слаба продуктивност од физички и психички аспект. Апчињата можат да помогнат, но можат да имаат и негативен ефект на секојдневниот живот. За среќа, постои решение! Психолозите откриле дека слушањето музика што релаксира пред спиење може да ги олесни проблемите со спиењето кај многу луѓе. Оваа музика го намалува лачењето на стрес хормонот норадреналин во системот, со што се намалува и нивото на напнатост и раздразливост, а се зголемува квалитетот на сонот.

Дали музиката може да ни помогне да заспиеме

Психологот Лазло Хармат собрал 94 студенти кои страдале од проблеми со спиењето и ги поделил на три групи. Едната група слушала музика за релаксирање пред спиење, другата слушала аудио книга, а третата не слушала ништо. Испитаниците од првата и втората група требале да ја пуштаат музиката или аудио книгата 45 минути пред да си легнат.

По 3 недели, 30 од 35-те ученици од групата која слушала музика ги решиле проблемите со спиењето и квалитетот на сонот значително им се подобрил. Слушањето аудио книги им помогнало на далеку помал број луѓе: Само 9 од 30 го подобриле квалитетот на сонот. Студентите исто така биле тестирани со цел да се открие колку биле депресивни пред и по експериментот. Симптомите на депресија кај групата која слушала музика значително се намалиле, но аудио книгите го немале истиот ефект.

Музиката исто така може да им помогне и на постарите луѓе да спијат подобро. Во 2003 година, психолозите Хуи-Линг Лаи и Марион Гуд спровеле сличен експеримент на група луѓе на возраст од 60 до 83 години кои имале проблеми со спиењето. Повторно музиката покажала неверојатни резултати. Половина испитаници од групата која слушала музика го подобриле квалитетот на сонот.

Дали музиката може да ни помогне да заспиеме

Доколку и вие би сакале да го почувствувате чудотворното дејство на музиката, може да се обидете со класична музика, џез или блуз. Од голема важност е да внимавате на тоа колку е гласна музиката. Ако е премногу тивка, тоа може да нервира, но ако е премногу гласна, тогаш нема да можете да заспиете. Исто така, направете последната песна постепено да се стишува, бидејќи во спротивно ненадејната тишина ќе ве разбуди. Станува збор за природен рефлекс кој прави да се штрекнеме ако одеднаш стане премногу тивко.

Вечерва пред да си легнете направете листа од вашите омилени парчиња релаксирачка музика, најдете ја вистинската гласност и уживајте во мирниот и непречен сон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар