Неверојатни приказни за добра ноќ ги заменија принцезите со жени кои го менуваат светот

Оваа нова објавена книга за деца вклучува приказни за добра ноќ напишани во форма на бајки во кои главните ликови не се ни малку слични на добро познатите дами во неволја.

Неверојатни приказни за добра ноќ кои ги заменија принцезите со жени кои го менуваат светот

„Приказни за добра ноќ за девојчиња бунтовнички“ (Good Night Stories for Rebel Girls) се состои од 100 приказни за вистински жени кои го промениле светот. Елена Фавили и Франческа Кавало, кои се сретнале во Милано, Италија а сега живеат во Лос Анџелес, Калифорнија, ја напишале книгата со цел да ги образуваат читателите и да ги запознаат со жените кои оставиле печат во минатото и сегашноста.

Неверојатни приказни за добра ноќ кои ги заменија принцезите со жени кои го менуваат светот

„Решив дека мојот нареден проект ќе има намена да ги направи младите жени силни и независни“, вели Фавили.

Во приказните се спомнуваат сестрите Бронте, Фрида Кало, Серена Вилијамс и уште многу други успешни жени кои оставиле белег во историјата. Наместо да го чекаат доаѓањето на нивниот принц на бел коњ, како што е случајот во типичните бајки, овие неповторливи жени самите влијаат на светот без да зависат од некого. За уште повеќе да се поттикне женската моќ, во секоја приказна прикажана е различна жена од различен дел од светот.

Неверојатни приказни за добра ноќ кои ги заменија принцезите со жени кои го менуваат светот

На овој проект кој е дел од кампањата Кикстартер му преостануваат уште 26 дена за да собере пари, а веќе има добиено повеќе од 54.000 долари во донации, што ја надминува првичната цел да се соберат 40.000 долари. Фавили и Кавало се надеваат дека ќе им помогнат на родителите да израснат самоуверени девојчиња со тоа што ќе ги изложат на влијанието на инспиративните жени ширум светот уште од најрана возраст.

Неверојатни приказни за добра ноќ кои ги заменија принцезите со жени кои го менуваат светот

„Половите предрасуди се присутни во секој аспект од нашата култура. Ние постојано гледаме да си пружиме поддршка едни на други и бројот на книгите за моќта на жените постојано се зголемува на нашите полици… Но, тие дојдоа премногу доцна.“

Според Фавили, „Приказни за добра ноќ за девојчиња бунтовнички“ е само првиот чекор кој води кон нешто многу поголемо, сè со цел да се поразат половите стереотипи застапени во производите за деца.

Неверојатни приказни за добра ноќ кои ги заменија принцезите со жени кои го менуваат светот

„На родителите им се нудат многу малку извори за да се спротивстават на овој тренд и ние сакаме да сториме нешто во врска со тоа“, вели таа.

Нема сомнеж дека оваа револуционерна книга ќе доведе до многу промени во размислувањата на денешните девојчиња кои уште од најрани години ќе имаат прилика да станат свесни за моќта и силата што ја поседуваат.

Неверојатни приказни за добра ноќ кои ги заменија принцезите со жени кои го менуваат светот

Оваа книга ќе им послужи како инспирација и мотивација да посакаат и самите да станат дел од тие неверојатни жени кои секојдневно внесуваат промени во светот. Најважно е што ќе почнат да веруваат во себе, а благодарение на тоа еден ден и тие самите ќе се претворат во независни, влијателни и самоуверени жени кои ќе служат како пример за наредните генерации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар