Дали љубовната врска има влијание врз вашиот професионален напредок?

Дали љубовната врска има влијание врз вашиот професионален напредок?

Напнатоста и стресот кои од работата ги носите дома, можат да имаат големо влијание на квалитетот на вашиот љубовен живот. Но многу мажи и жени, амбициозни за желба и успех, неретко се прашуваат дали нивната љубовна врска влијае на нивниот напредок во кариерата.

Дали љубовната врска има влијание врз вашиот професионален напредок?

Едно петгодишно истражување го открило одговорот на ова прашање. Ова психолошко и социјално истражување покажало дека одбирањето на партнерот влијае на нашето однесување кон нашата работа. Имено, доколку покрај себе имате совесен партнер кој уредно ја завршува неговата работа и покажува амбиција за успех, вие ќе бидете мотивирани од неговото однесување и ќе вложите максимален напор да ја завршите вашата работа најдобро што можете. Истото истражување покажало дека овие парови имаат многу повеќе простор за напредок во кариерата, бидејќи постојано си даваат поддршка едни со други.

Во текот на истражувањето, психолозите го следеле професионалниот напредок на над 4.500 брачни парови. Психолозите обрнале внимание и на тоа како паровите го минуваат слободното време, како ги делат домашните обврски и колку се задоволни од нивниот брак.

Резултатите покажале дека луѓето кои покрај себе имале совесен и организиран партнер, напредувале неспоредливо повеќе за разлика од луѓето кои биле со партнер незаинтересиран за успех. Совесните партнери се како засолниште, па браковите на овие испитаници биле многу посреќни од помалку амбициозните парови.

Резултатите од ова истражување важат подеднакво и за двата пола, па не е важно кој е амбициозниот во врската. Она што е важно е на правилен начин да го мотивира својот партнер.

Знаевте ли дека платата сепак може да има големо влијание врз вашата врска?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар