Дали децата што одат во градинка подобро се однесуваат од децата што седат дома?

Многу родители се загрижени за тоа што детето им оди во градинка, но едно ново француско истражување покажало дека нема причина за грижа. Ако вашето дете оди во градинка, и ако се чувствувате виновни затоа што не сте со него, тогаш овие резултати многу ќе ви се допаднат.

Имено, според француските истражувачи, децата што одат во градинка се посоцијални во однос на оние што не одат. Иако овие резултати се можеби и очекувани, сепак тоа што изненадува е фактот што овие деца подобро се однесувале во однос на оние што биле дома со родителите или пак, со дадилка.

Истражувањето го следело емоционалниот развој на 1.500 деца, од раѓање до 8-годишна возраст. Во текот на тоа време, родителите пополнувале редовни анкети за однесувањето на детето, за нивното ментално здравје, како и за статусот за нивната грижа во првите 3 години.

Позитивното влијание од градинката не било забележливо само во најмладите години, туку и во нивниот понатамошен развој. Тие едноставно покажувале помалку проблеми со однесувањето, како и помалку социјални проблеми во раната адолесценција.

„Висококвалитетните градинки во првите години од животот на децата можат да им го подобрат однесувањето, како и когнитивниот развој на децата. Потоа, тие можат да ги спречат емотивните потешкотии и да го подобрат социјалното однесување“, објаснува д-р Марија Меклор, една од авторките на истражувањето.

Ова не значи дека родителите не се грижат добро за своите деца, ниту пак дека тие треба да го сменат стилот на родителството, туку дека ако одлучат да ги пратат во градинка своите најмали, не треба да чувствуваат вина за својот избор.

На овие родители од градинка им кажале да ја облекуваат ќерка им како „девојче“ и нивниот одговор е брилијантен!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар