На овие родители од градинка им кажале да ја облекуваат ќерка им како „девојче“ и нивниот одговор е брилијантен

На овие родители од градинка им кажале да ја облекуваат ќерка им како „девојче“ и нивниот одговор е брилијантен

Кога ги оставаат своите деца во градинка, многу родители имаат милион нешта за коишто се грижат. Нивните мисли најпрво им одат накај пелените, па накај храната, па потоа и накај промената на облеката. Но, дали нивните дечиња носат боја за својот пол, воопшто не треба ни да биде на оваа листа. Сепак, една група дански учители во градинка не размислуваат на овој начин.

Неодамна, Стив Ролд го споделил своето необично искуство на Редит. Неколку од постарите учители во градинката каде што ја носеле својата ќерка им дале забелешка на него, и на неговата сопруга Џесика, дека треба да ја облекуваат својата најмала во повеќе фустанчиња или пак, да стават машна во нејзината коса за другите дечиња да знаат дека е девојче.

Па, тие следниот ден ја испратиле на градинка вака…

„Како родител, навистина е тешко да се одбираат приоритетите и местата каде што ја насочувате својата енергија“, вели Стив. „Ако имате време, пари и желба да ги дотерувате своите деца со машни и ако тоа ве прави и вас и нив среќни, тогаш без сомнение треба да правите така. Но, тоа не е нешто на што ние можеме да обрнуваме внимание во овој момент.

Ние дури не се ни потрудивме да го дознаеме полот на нашите деца пред време, па сè што ќерка ни носи во моментов е подарена облека од роднините за нејзиното постаро братче, за коешто исто така не го знаевме полот, па добивме доста неутрални бои и модели.

Без разлика дали е културолошко или генерациско нешто, ние целосно разбираме дека тие само се обидуваа да бидат од помош“, вели Стив. „Можеби дури и помислиле дека не сме се сетиле да ја облекуваме ќерка ни на поинаков начин или пак, едноставно им се смачило да одговараат на прашања од другите деца за тоа зошто нашето бебе не е облечено во розово или во цветно фустанче. Сугестијата беше прилично блага, но дојде како капаче на стотици други, па мојата жена едноставно почувствува потреба да возврати.“

И покрај овој инцидент, Стив вели дека градинката е навистина одлична. Децата се соодветно образовани уште од мали, но исто така и добиваат многу забава на отворено. И Стив и Џесика се пресреќни што ќерка им е дел од таа градинка, и сметаат дека целата ситуација не е толку драматична колку што ја направил Интернетот, но сепак знаат дека постојат родители што минале низ слични, но многу потешки ситуации на оваа тема.

„Мојата сопруга се обидуваше да го извлече хуморот од целата ситуација и на тој начин да им помогне и на другите родители што се борат со вакви проблеми.“

Што мислите вие на оваа тема? Дали сметате дека бебињата и малите дечиња треба да се облекуваат во одредена боја или пак, сосема е во ред да носат што било?

Можеби ќе ве интересира и ова: Мајка објаснува како „досадната“ порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар