Мајка објаснува како „досадната“ порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајка

Купувањето седиште за во автомобил за вашето дете, понекогаш не е доволно за да го заштитите додека го возите. Многу е важно и да знаете и како да ги прицврстите и врзете појасите. Неодамна, Ребека Тафаро Бојер, медицинска сестра од Мемфис, Тенеси споделила кошмарна приказна за сообраќајната несреќа на нејзиното семејство, којашто докажува дека родителите во ниеден момент не можат да се опуштат и мора постојано да мислат на заштитата на децата.

Мајка објаснува како „досадната“ текст-порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајна незгода

„На мојот прв работен ден после враќањето од породилно отсуство, му побарав на мојот сопруг да ме информира на секој час, како нашето бебе Вилијам го поднесува првиот ден оддалечен од мама. Попладнево, во 14:15 часот добив порака од него додека се возеа во автомобилот на пат кон аптека, којашто е на само 5 км оддалечена од нашата куќа. Честопати ме нарекуваше здодевна поради моите постојани потсетници за безбедност“, објаснува Ребека.

Мајка објаснува како „досадната“ текст-порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајна незгода

Малото човече е надвор. Денес сме излезени да завршиме некои обврски надвор.
-Во ред, само бидете внимателни на жешкото XOXO.
Спојувањето на појасите кај неговите гради не е доволно високо поткренато и не е доволно затегнато. Треба да биде на ниво на брадавици.

Мајка објаснува како „досадната“ текст-порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајна незгода

„Во 2:30 часот мојот телефон заѕвоне и маж ми со испаничен глас ми рече: ‘Душо, имавме сообраќајка’. Мојот сопруг Дејвид возел источно на надвозник со брзина од 80км/ч и во еден момент, жена којашто се движела кон запад пресекла три ленти, со цел да може да заврти лево кон излезот, лоциран од десната страна на мојот сопруг. Очигледно таа немала доволно време и простор да го направи тоа, па мојот маж удрил во предната совозачка страна од нејзиното возило. Подоцна, дознавме дека таа жена воопшто немала возачка дозвола нити осигурување и ова бил нејзин трет прекршок, за возење без дозвола“, додава таа.

Мајка објаснува како „досадната“ текст-порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајна незгода Мајка објаснува како „досадната“ текст-порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајна незгода

Дејвид ја притиснал инстиктивно кочницата толку јако, што ги скршил трите предни коски на неговото десно стапало. За среќа, нема да му е потребна операција, но не смее да чекори на неговото десно стапало во времетраење од 6-8 седмици.

Мајка објаснува како „досадната“ текст-порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајна незгода

Од друга страна, нивниот син Вилијам, изгледа како да го заштитил некој ангел-чувар.

„Вилијам воопшто не беше повреден во текот на несреќата. Всушност, тој толку добро бил прицврстен на седиштето за деца, што дури не се ни разбудил од неговата дремка. Јас порано работев како медицинска сестра во одделот за интензивна нега на предвремено родени бебиња, па поради тоа знам многу работи во врска со безбедносните мерки за врзување на детски седишта за во автомобил. Но, кога се подготвував за доаѓањето на Вилијам на овој свет, со сопругот поминавме и курс за безбедност на деца, којшто покриваше секакви мерки, од оживување со масажа на срце, па сè до седишта за во автомобил. Освен тоа, вложивме и доста време читајќи го упатството за употреба на детското седиште, пред да го наместиме“, објаснува Ребека.

Мајка објаснува како „досадната“ порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајка Мајка објаснува како „досадната“ порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајка

„Не би рекла дека се плашевме да го возиме нашето бебе во автомобил. Поточно кажано, не мислам дека вреди животот да го живееме во страв, од нешто што може да се случи во секој момент и на секое место. Како и да е, оваа ситуација само ми докажа дека е многу важно да го врзуваме Вилијам на правилен начин секојпат кога ќе го внесеме во автомобилот, дури и кога станува збор за возење од 1 км. Автомобилот е уништен, но автомобилите се заменливи, а моите момци не се“, вели мајката.

Мајка објаснува како „досадната“ порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајка

Прочитајте и за оваа мајка која мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар