Оваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!

Кога малите деца го изустуваат нивниот прв збор, тоа е настан на којшто секој родител со задоволство ќе се присетува, во текот на целиот живот. Меѓутоа, кога првпат ќе прозбори девојче коешто страда од невербален аутизам, тоа дефинитивно е доволно јака причина, нејзината мајка да се расплаче на цел глас, на паркинг. Токму ова, ѝ се случило на Бријана Бланкеншип од Атенс, Алабама. Докторите ѝ кажале дека нејзината ќерка Телјор, можеби никогаш нема да може да зборува. Но, пред неколку дена, ова 5-годишно девојче им се спротивставило на шансите и го докажало токму спротивното.

Оваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!

„Речиси ја прифатив реалноста дека никогаш нема да го чујам нејзиниот глас“, објаснува Бријана.

Докторите сè уште ѝ правеле разни тестирања на Тејлор, но таа веќе била сместена во спектарот на аутистични нарушувања и дијагностицирана со нарушување на сензорните процеси. Првото, е невролошко и развојно нарушување коешто влијае на тоа како лицето се однесува и комуницира со другите луѓе, како реагира и како учи.

Оваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!

„Со неа комуницираме со ограничен знаковен јазик и гестикулации. Исто така, имаме и ајпед којшто е заклучен, така што Тејлор единствено има пристап до програмата за комуникација, наречена LAMP. Со помош на оваа програма, таа ги завршува задачите за на училиште и поради тоа е одлична во спелување, особено за едно 5-годишно девојче.“

Таа учи во градинка, сочинета од деца со и без попреченост и ќе оди во прво одделение со истиот клас. Редовно прима сензорна терапија, како и окупациона терапија која ѝ помага во развојот на моторни вештини.

Оваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!

Воедно, нејзиниот татко ја запишал и на неделни часови по гимнастика, коишто ѝ помагаат да научи да ги следи дадените инструкции и со помош на оваа дисциплина, таа престанала да оди на прсти – што е честа појава кај децата со аутизам.

Како и да е, Бријана пред неколку дена, ја носела нејзината ќерка на час по гимнастика и тогаш се случило невозможното.

Оваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!

„Одевме натаму и веќе доцневме, а морав да појдам до најблискиот ‘драјв-тру’ ресторан за брза храна, за да ѝ купам нешто што ќе сака да го јаде. Ретко јадеме ‘брза храна’, па таа одма сфати дека ќе ја јаде нејзината омилена храна, пржени компирчиња и почна да се возбудува и да се кикоти на задното седиште. Тогаш се случи чудото! Шокирана, ја свртев главата наназад и ја прашав: ‘Дали тукушто ми рече мама?’ Таа само ме погледна и го повтори истото.“

„Толку бев возбудена, што само го запрев автомобилот, го извадив телефонот од чантата и почнав да снимам видео, коешто сега е видено од огромен број луѓе ширум светот. Во моментот кога престанав да снимам, сфатив што всушност се случи и одеднаш, почнав да плачам. Според изгледот на касиерката во ресторанот, можев да претпоставам дека сакаше да дознае што ми се случува, но не можев да изустам ниту еден збор од солзите.“

Оваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!

„Откако ја земав храната, го паркирав мојот автомобил и веднаш му се јавив на сопругот, а потоа и на мајка ми. Немав време да се јавам на никој друг пред да започне часот по гимнастика, па набрзина го објавив видеото на мојот Фејсбук профил и го тагнав моето семејство.“

Оваа мајка мислела дека никогаш нема да го чуе гласот на нејзината аутистична ќерка, но се случило чудо!

Во истиот момент, сандачето на Бријана било преплавено со пораки.

„Добивме огромен број пораки од луѓе на коишто сме им ја вратиле надежта за нивните сакани и сме придонеле да се чувствуваат помалку осамени во нивната секојдневна битка, да се биде родител на дете коешто не зборува. Исто така, видеото поттикна дискусија кај многу луѓе. Добив и многу пораки од луѓе коишто пишуваа работи од типот: ‘Ве молам не ме осудувајте, но јас навистина немам поим што всушност претставува аутизмот, ниту дека некои од лицата коишто страдаат од оваа состојба, може да не можат да зборуваат. Каде можам да дознаам повеќе за тоа?’“

Во продолжение, погледнете го и ова моќно видео за 16-годишно момче со аутизам.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар