Дали антибиотиците можат да ја намалат ефикасноста на таблетите за контрацепција?

Лекарите долго време се сомневаа дека антибиотиците ја намалуваат ефикасноста на таблетите за контрацепција, а новото обемно истражување на британските научници обезбеди дополнителни докази за таквата претпоставка.

Дали антибиотиците можат да ја намалат ефикасноста на таблетите за контрацепција?

Истражувањата откриле дека постои интеракција помеѓу антибиотиците и хормоналната контрацепција, што потенцијално може да ја намали ефикасноста на таблетите за контрацепција.

Тоа значи дека жените кои истовремено ги користат двата вида лекови, мора да преземат дополнителни мерки на претпазливост за да избегнат несакана бременост, покажува истражувањето на британските научници од Институтот за клинички науки на Универзитетот во Бирмингем.

Нивните откритија сугерираат дека земањето антибиотици, во споредба со земањето други видови лекови, е поврзано со зголемените шанси за непланирана бременост, дури до седум пати. Наодите се резултат на обемна анализа спроведена на повеќе од 75.000 испитаници кои употребувале антибиотици.

Се смета дека жените кои истовремено користат таблети за контрацепција и антибиотици, треба да користат дополнителна контрацепција како мерка на претпазливост.

Истражувачите истакнаа дека ризикот од несакана бременост варира од жена до жена, во зависност од нејзините физиолошки карактеристики и од голем број дополнителни фактори.

Прочитајте зошто не треба да пиете кафе додека земате пилули за контрацепција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар