Цртеж со силна порака кој го трогна светот

Автор на видеото кое го трогна светот е младиот Индиец Навин Кумар кој во описот напишал: „Снимено според вистински случувања за време на војната во Ирак“, додавајќи дека е настанато во соработка со домот за сираци Шишу Мандир.

crtezh-so-silna-poraka-koj-go-trogna-svetot-kafepauza.mk

Во него можеме да видиме како младото момче излегува со креди в раце на игралиштето и почнува нешто да црта. А она што го нацртал е причината што останаа трогнати многу луѓе ширум светот.

Инаку, сцената во видеото е нацртана според фотографијата на иранската уметница Бахаре Бишеш, која за неа вели:

„Ова девојче никогаш не ја има видено својата мајка, па ја нацртала со креда и заспала на неа. Таа е моја роднина и заспа на асфалтот пред мојата куќа. Веројатно си играла и потоа само легнала и заспала. Се качив на столче за да ја фотографирам. Не се работи за сиропиталиште и нема никаква врска со трагична приказна. Ја искористив приликата за креативност, тоа е стил фотографија“, објаснува артистката.

2-crtezh-so-silna-poraka-koj-go-trogna-svetot-kafepauza.mk

Кумар со своето видео успеа да го привлече вниманието за децата на кои им се потребни родители. На крајот од видеото може да се види пораката:

„Некои од нас, за разлика од повеќето привилегирани, ценат и само сакаат мајчинска љубов. Сакајте и бидете сакани безусловно. Посвојте дете.“

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар