Цитати на Зигмунд Фројд што ќе ви помогнат да ја совладате анксиозноста и да се разберете себеси подобро

Анксиозноста е непријатно чувство предизвикано од страв, од стрес или од загриженост. Прочитајте ги овие корисни совети од Зигмунд Фројд што ќе ве изведат на вистинскиот пат и ќе ви помогнат да се ослободите од вашата вознемиреност и да се разберете себеси подобро.

Цитати на Зигмунд Фројд што ќе ви помогнат да ја совладате анксиозноста и да се разберете себеси подобро

„Мистеријата на човечката душа лежи во менталните драми од детството. Стигнете до дното на тие драми и ќе се излекувате.“

„Личноста заздравува при ослободување на својата сексуалност.“

„Единствената личност со којашто треба да се споредувате е личноста што сте биле вие во минатото. И единствената личност што треба да биде подобра сте вие сега.“

„Не барајте сила и доверба однадвор, туку барајте ги во себе. Тие отсекогаш биле таму.“

„Несомнено, анксиозноста е предизвикувач на многу критични проблеми; решавањето на загатката на вознемиреноста ќе фрли светло врз целиот ментален живот на личноста.“

„Нервозата е неможност да се издржи неизвесноста.“

„Во љубовната врска не можете да се поштедите еден со друг затоа што тоа може да доведе само до отуѓување. Ако има тешкотии, тие мора да се надминат.“

„За жал, потиснатите емоции не умираат. Тие продолжуваат да влијаат на личноста одвнатре.“

„Ништо не се случува случајно. Сè си има причина.“

„Она што го нарекуваме среќа се случува како резултат на (веројатно непредвидено) задоволување на наталожените потреби.“

„Човекот што многу ја сака својата мајка цел живот се чувствува како победник, а тоа многу често доведува до вистински успех.“

„Сонот никогаш не се занимава со ситници; не дозволуваме безначајни работи да нè вознемируваат во сонот. Ако ги протолкуваме невините соништа, ќе откриеме и дека не се толку невини.“

„Депресијата е замрзнат страв.“

„Колку е храбар и самоуверен оној што е убеден дека е сакан.“

„Луѓето сметаат дека реалноста е незадоволителна и затоа живеат во свет на фантазија замислувајќи се себеси како ги исполнуваат своите желби. Силните личности ги претвораат овие желби во реалност. Слабите личности продолжуваат да живеат во замислениот свет и нивните фантазии се симптом на разни заболувања.“

„Да се биде потполно искрен со себе е добра вежба.“

„Остварувањето на сонот од детството може да донесе среќа.“

Прочитајте ги и овие 20 цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар