Бунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејство

Пиела, пушела и била пријателка со славните. Иако во јавноста била секогаш насмеана и оставала впечаток на забавна и среќна жена, историчарите велат дека нејзиниот живот не бил лесен.

Бунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејство

Принцезата Маргарет Роуз Виндзор (1930-2002), грофицата на Сноудон и помладата сестра на кралицата Елизабета Втора, сигурно била една од најпопуларните личности со сина крв во модерната историја. Позната по својата бунтовна природа и одлучност, таа ги полнела таблоидите со вести поврзани со нејзиниот карактеристичен животен стил и со гласините дека е девојка за забава.

Животниот стил на оваа принцеза, како и на другите членови на кралското семејство може да се погледне и во новите епизоди од серијата „The Crown“(„Круната“) на Нетфликс.

Долго пред да се појави на сцената бунтовниот принц Хари, кого јавноста толку многу го сака, принцезата Маргарет се етаблирала како „бунтовното дете од кралското семејство“. Позната по нејзината живост, таа била сè што една принцеза не треба да биде. Пиела, пушела и била пријателка со познати личности, актери и музичари, од кои била наречена „Принцеза за забава“ или „Рокенрол принцеза”.

Токму заради тоа ликот на оваа принцеза е омилен во серијата „Круната“ каде принцезата Маргарет во првите сезони е актерката Венеса Кирби, а во новата, трета сезона нејзината улога ја глуми британската актерка Хелена Бонам Картер, од која сите гледачи имаат големи очекувања.

Принцезата Маргарет е родена на 21 август 1930 година во замокот Гламис во Шкотска, каде што било седиштето на семејството на нејзината мајка. Во моментот на раѓањето, таа била на четвртото место за престолот по нејзиниот татко Берти, подоцна кралот Џорџ VI. Иако нејзините родители се надевале дека ќе ја наречат Ен, кралот Џорџ V ставил вето на името, па решиле да ја наречат Маргарет Роуз – тоа е причината поради која подоцна во нејзиниот живот, блиските луѓе ја нарекле Маргот. Официјалната регистрација на нејзиното раѓање доцнела неколку дена за таа да не биде запишана под број 13 во локалниот регистар на раѓања во парохијата.

Оваа принцеза е прва во кралското семејство по многу нешта. Нејзината свадба со фотографот Ентони Армстронг Џонс во 1960 година била првата британска кралска свадба што се емитувала на националната телевизија, додека нејзиниот развод, 18 години подоцна (1978), бил првиот во потесниот круг од кралското семејство.

Читајте понатаму на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар