Бојата на очите како водич за откривање на карактерот на мажите

Веќе ни е познато дека бојата на очите зборува за карактерот на луѓето, а овој пат се фокусираме само на мажите за да им помогнеме на дамите полесно да ги дешифрираат на првиот состанок.

Сини

Оваа боја е поврзана со младост и невиност. Темносините очи откриваат страсна страна на личноста, додека светлосините укажуваат на мирна природа. Исто така, експертите оваа боја ја поврзуваат со ниско ниво на агресија, но и на самодоверба. Но, тоа не значи дека од една ваква личност не може да се очекува изненадување. Таквите момци често знаат да бидат многу кокетни и подобри стратези од останатите. Нив ги привлекуваат синооки девојки, додека останатите бои не покажуваат таква склоност.

1-bojata-na-ochite-kako-vodich-za-otkrivanje-na-karakterot-na-mazhite-kafepauza.mk

Кафени

Според истражување спроведено на еден прашки универзитет, мажите со кафени очи се понежни и посигурни во себе од другите. Најчестата боја на очи е поврзана со лојалноста, но и со самодовербата, одлучноста и мотивацијата. Затоа не треба да зачудува фактот дека повеќето успешни и богати мажи во светот се со кафени очи. Исто така, интересен е податокот дека машките со ваква боја на очи повеќе спијат од останатите и тоа во просек плус 2 часа, односно имаат проблем со станувањето рано.

2-bojata-na-ochite-kako-vodich-za-otkrivanje-na-karakterot-na-mazhite-kafepauza.mk

Зелени

Оваа боја на очи е поретка од кафената и сината, па често зеленооките мажи се сметаат за многу таинствени. Што се однесува до привлечноста, на овие момци тоа добро им оди бидејќи имаат висок степен на енергија и силно либидо. Исто така, зелените очи се поврзуваат со спонтаност, фантазирање и креативност. Но, од друга страна, нивната спонтаност е поврзана со слабата сигурност во себе. Нивната волја за живот и одушевеноста од сѐ што сакаат да видат и да направат може да ги прави комплицирани при запознавањето со дамите, но во секој случај, со овие момци никогаш не би било здодевно.

3-bojata-na-ochite-kako-vodich-za-otkrivanje-na-karakterot-na-mazhite-kafepauza.mk_

Темни

Темните очи можат да варираат кон зелени или кон кафени, во зависност од светлината. Второто е поврзано со спонтаност и забава, додека елементите на зелена боја укажуваат на палава страна. Кафените елементи исто така укажуваат на неговата пристапност. Покрај тоа, темните очи се и знак на емпатија кон другите, што никогаш не е лоша работа.

4-bojata-na-ochite-kako-vodich-za-otkrivanje-na-karakterot-na-mazhite-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.