Благотворни рецепти со цимет за убавина и здравје

Благотворни рецепти со цимет за убавина и здравје

Циметот има благотворно дејство на целиот организам. Тој е најпознатиот додаток во кафето како и во голем број популарни јадења, но со векови наназад во Кина и Индија се користи за лечење грип и проблеми со желудникот. Па, доколку сакате да дознаете нешто повеќе за моќта на овој зачин, продолжете со читање.

blagotvorni-recepti-so-cimet-za-ubavina-i-zdravje

Лош здив

Доколку имате проблеми со лош здив, сè што треба да направите е да изедете едно стапче цимет или да го ставите овој зачин во топла вода и да го испиете.

Сјај за усни

Како за почеток, ставете малку вазелин на усните, потоа истријте ги со малку цимет и оставете да делува 2-3 минути. Ќе почувствувате малку трпнење, но ефектот ќе биде одличен. Никогаш не ставајте цимет директно на кожата бидејќи може да дојде до иритација.

Маска за лице

Исчистете го лицето од акни со производ на база на цимет кој сами ќе го направите. Измешајте 3 лажички мед и 1 лажичка цимет. Кога смесата ќе стане доволно густа, нанесете ја на лицето. Циметот помага во борбата против акните, додека медот ја хидрира кожата.

Ја отстранува сувата кожа

За да го отстраните слојот на сува кожа и да го вратите нејзиниот сјај, доволно е да направите смеса од морска сол, бадемово масло, мед и мелен цимет, и да ја нанесете на местото каде што ви е сува кожата.

Дознајте нешто повеќе и за овие 6 заболувања што можат да се олеснат со чај од цимет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар