6 заболувања што можат да се олеснат со чај од цимет

Циметот го има во сите кујни. Лесно може да се најде и во најблиската продавница доколку го немате. Не е воопшто скап, а има лековити дејства кои можат да ви помогнат. Можеби ќе сакате да го вметнете во вашиот режим на исхрана и ќе почнете да ги чувствувате придобивките што ги носи овој лековит зачин.

6 заболувања на кои чајот од цимет може да им помогне

1. Циметот е зачин кој е најбогат со антиоксиданси. Содржи антиоксиданс полифенол кој ги спречува слободните радикали да ги оштетат клетките и да предизвикаат болести како дијабетес, карцином и срцеви заболувања.

2. Го смалува нивото на шеќер во крвта така што делува како инсулин. Исто така го забавува разложувањето на јаглените хидрати за шеќерот да не се покачи после оброкот.

3. Истражувањата покажуваат дека циметот го регулира високиот притисок, нивото на триглицериди и го спречува растењето на лошиот холестерол во крвта. Тоа го прави моќен природен лек за срцето. Повеќе од 10 научни студии докажале дека консумирањето помалку од 120 милиграми цимет дневно може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

4. Искуствата покажале дека циметот е одличен додаток во процесот на слабеење. Тој делува така што го забрзува метаболизмот и го регулира зголемениот апетит. Меѓутоа, важно е да бидете внимателни и со стручно лице да проверите колава дневна доза на цимет треба да внесувате во организмот. Претераното консумирање може да доведе до крвавење и проблеми со црниот дроб.

5. Циметот има антибактериско и антигабично дејство затоа што во составот содржи соединение со назив цинамалдехид. Тоа значи дека тој е добар природен лек за стафилококи, салмонела и ешерихија коли. Меѓутоа, ова дејство на циметот уште не е доволно испитано.

6. Чајот од цимет може да помогне и во ублажување на болни менструални грчеви и симптоми во ПМС. Помага и во смалување на менструално крвавење како и при мачнина и повраќање во текот на менструацијата.

Подготовка на чајот од цимет:
  • Ставете една лажичка мелен цимет во шолја (235 милилитри) со зовриена вода и промешајте. Можете да ставите и стапче од цимет во зовриена вода и да го оставите да отстои од 10 до 15 минути пред пиење.

Напомена: Пред да го пиете овој чај консултирајте се со вашиот лекар!

Можеби ќе сакате да ги пробате и овие комбинации со мед и цимет за добро здравје и витка линија.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив што ја придвижува гласи: „Остани своја и поинаква. Само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар